Бил Гејтс веќе неколку години им препорачува на читателите на неговиот блог, книги коишто тој ги има прочитано, а смета дека сите треба да ги прочитаат. Се работи за книги кои на него имаат оставено впечаток, а со оглед на фактот дека се работи за еден од најпознатите и најбогатите луѓе во светот, неговите совети се сфаќаат сериозно.

„Читањето е мојот омилен начин да и се препуштам на мојата љубопитност. Иако имав среќа да се запознам со многу интересни луѓе и да посетам фасцинантни места преку мојата работа, се’ уште мислам дека книгите се најдобриот начин за истражување на нови теми коишто ве интересираат“.

Петте книги коишто Гејтс ги има прочитано оваа година, а смета дека тоа треба да го направиме и ние се следните:

  1. The Best We Could Do, од Thi Bui
  2. Evicted: Poverty and Profit in the American City, од Matthew Desmond
  3. Believe Me: A Memoir of Love, Death, and Jazz Chickens, од Eddie Izzard
  4. The Sympathizer, од Viet Thanh Nguyen
  5. Energy and Civilization: A History, од Vaclav Smil

Доколку не ви се чита за тоа што има да каже Гејтс, можете да го погледнете и видеото во продолжение во кое тој ги претставува и на кратко опишува избраните книги во листата.

Извор: GatesNotes преку GeekWire

Претходна статијаGoogle ќе ги означува апликациите кои собираат податоци, а не ги известуваат корисниците за тоа
Следна статијаЗаборавете на отпечаток на прст – Samsung смартфоните ќе ја читаат целата ваша дланка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments