Shutterstock.com

ARM е компанијата број 1 во светот на чиј дизајн се направени повеќето чипови кои се користат во мобилните телефони, но и во се поголем број на лаптоп и хибридни уреди, а не се исклучени ни серверите.

Оваа компанија минатата година беше купена од страна на Nvidia, но најавите се дека тоа нема да промени нешто во нејзиното функционирање.

После цели 10 години, ARM ја претстави наредната генерација од својата архитектура на која го прави дизајнот на чиповите. V9 е новата архитектура, односно официјалното име е ARMv9 и истата донесува повеќе новини кои, како што истакнуваат од компанијата, ќе се користат од страна на наредните 300 милијарди уреди.

Со ARMv9, ARM става акцент на три новини, односно на три точки на напредок. Тие се безбедност, перформанси и вештачка интелигенција.

Безбедноста на апликациите, како и податоците со кои тие работат, треба да биде значително подобрена со CCA – Confidential Compute Architecture. Овој нов систем во основа ги изолира апликациите, односно нивниот код и податоците, посебно од остатокот од софтверот, па дури и тој со повисоки привилегии. Ова може да се каже дека е еден вид на понапреден систем сличен на „sandboxing“.

Од ARM со право истакнуваат дека иднината целосно ја вклучува вештачката интелигенција, па V9 архитектурата овозможува голем напредок во овозможувањето на функционирањето на оваа веќе стандардна функција. Тие во партнерство со Fujitsu ја имаат развиено Scalable Vector Extension технологијата, односно SVE, која кај ARMv9 е во својата втора верзија. Од ARM истакнуваат дека оваа технологија ќе овозможи напредно машинско учење.

Кај една нова архитектура, а посебно после толку долго време, очекувано е да има поголемо подобрување и на перформансите. Од ARM истакнуваат дека V9 ќе донесе 30% подобрување на истите, а достапни се повеќе промени кои ќе го овозможат тоа.

Иако нема најава кога ќе почнеме да ги гледаме првите уреди со оваа нова архитектура, реално е да се очекува дека наредните генерации од чиповите во втората половина од оваа година, ќе ја користат истата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2ARM
Претходна статијаА1 Business тарифи, најнова атрактивна понуда за деловните корисници
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно возење во тунел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.