Microsoft-modular-computing-device-930x694 copy

Десктоп компјутерите во самата своја природа се модуларни и овозможуваат надградби, но Microsoft има многу поелегантно решение, зад кое стои Тим Есколин, дизајнер од Surface тимот и кое може да ја прошири гамата на преносни таблет – лаптопи кон работната маса.

Според она што можеме да го видиме во патентите, компјутерот ќе доаѓа со вграден дисплеј, додека компонентите ќе се ставаат една над друга. Тие веројатно ќе се поврзуваат магнетно и ќе може многу лесно да се менуваат – нема да има потреба од претходно знаење во хардверот, а ќе има компоненти за процесор, графика, меморија, простор за складирање податоци, батерија и за безжично поврзување.

Microsoft-modular-computing-device-stackable copy

Иако патентот не значи дека овој компјутер ќе биде лансиран во иднина, има многу смисла Microsoft да го направи тоа. Имено, Surface таблетите одлично поминуваат на пазарот и полека, но сигурно одземаат од колачот на iPad таблетите и MacBook лаптопите на Apple, па многу е логично наскоро да се впуштат во клинч и со „се во едно“ компјутерот iMac.

Секако, овој компјутер не би бил „се во едно“, односно компонентите нема да бидат вградени во екранот, но дека тука се работи за Surface уред, ова не би било проблем, бидејќи би одговарал на останатите производи од гамата, кои се најчесто склоп на неколку различни уреди во едно.

Microsoft-modular-computing-device-housings

Засега нема коментар од Microsoft за овој патент, но затоа со сигурност знаеме дека во последното тримесечје од годинава ќе биде лансиран долго очекуваниот Surface Phone.

Извор: VentureBeat, The Tech Portal

Претходна статијаЧиповите на Intel во иднина ќе бидат побавни, но поекономични
Следна статијаЧитањето на мозочните сигнали и мислите веќе е возможно