Компанијата Sony е активна на повеќе фронтови, и секако дека на неколку од нив е повеќе од достоен противник. Како што може да се каже за нивото на квалитет и технологија на телевизори што ги произведуваат.
Но јапонската компанија сака да го однесе телевизиското искуство на едно преносливо ниво. Проекторот Sony Portable Short Throw со големина на една мала кутија проектира 24 инчен екран и претставува уште еден производ како што е 4K Ultra Short Throw. Овој поголем уред проектира високодетална слика во 4К.
Со помош на сензори екранот функционира и како површина чувствителна на допир, а како за пример фотографиите се прелистуваат со мавтање на раката. Главната поента е што овој вид на проектори наречени Short-throw ја проектираат сликата од кратка далечина со што се елиминираат несакани сенки.
Ова го прави овој уред доста конкурентен за разлика од производите на ривалските компании. Може да се искористи во било која соба или површина а тоа што е водотпорен му дава поголема издржливост и поширока намена.
Се гледа дека со повеќето производи од оваа година Sony сака да ги оправда сите предвидувања од минатото за создавање на уникатно и забавно искуство во домот. Деталите за цената се уште не се познати меѓутоа со оглед на целната група, сигурно нема да биде како поголемиот брат 4K Ultra Projector кој чини нешто под 40,000 долари.