SHK-wBits_LR

На многу НФ филмови имало прикажано концепти на т.н. „паметни“ домови или други работи кои редовно ги користиме (како автомобил) кои многу од своите елементи им се автоматизирани и „паметни“ – што значи, се испрограмирани да знаат што ви треба во некој момент од тој елемент и тоа го доставуваат. Пример за такви е автоматско спуштање на ролетни ако засвети појако сонце или навечер, варење кафе додека спиете за да се разбудите со неговиот мирис, автоматско отворање на врати пред вас, итн. Полека но сигурно ваквата „паметност“ на домот и останатите уреди станува реалност. LittleBits е компанијата која сака да придонесе кон ова програмирање на работите околу вас за да се однесуваат како вам што ви одговара.

За таа цел LittleBits го извади на пазарот пакетот наречен Smart Home Kit. Овој пакет се состои од повеќе модули кои извршуваат најразлични задачи и можат да се поврзат меѓусебно преку едноставно спојување, без да има било какво лемење или плеткање со жици и слично. Тие се спојуваат со помош на магнети за да не погрешите за нивната насока и да се држат цврсто меѓу себе. Модулите вклучуваат такви за откривање на инфрацрвено зрачење, за детекција на аудио сигнали, пуштачи на мп3-ки, генерален модул за „праг“ кој може да се надмине со друг модул, модул за вклучување/исклучување на струјата која поминува низ него и други. Главниот модул е наречен CloudBit и тој овозможува поврзување на еден склоп од модули со податочен облак (т.н. „cloud“) на Интернет за да овозможи да имате директен увид во тоа како работат и што направиле вашите модули преку мобилен телефон. Нажалост, доаѓа само еден од ваквите CloudBit модули во секој Smart Home Kit што практично го ограничува правењето на модуларни уреди на еден кој би бил поврзан на Интернет, но доброто е што можете да купите посебни такви за 60 долари. Цената на целиот домашен пакет е 250 долари.

4-power-input-output-md-9c969cc168097b3d1dcfd25283d13afd

Ваквите модуларни уреди кои ќе ги направите можете да ги користите во најразлични ситуации. Инфрацрвениот сензор можете да го користите во спој со CloudBit за да ве извести ако некој се појави пред вашата врата. Или можете да го споите со пуштач на мп3-ки за да го извади од памет или пречека гостинот. Детекторот на звук можете да го искористите за автоматско отворање и затворање на вратата од гаражата со употреба на 3 свирки од автомобилот, и тн.

И најдоброто од се` е што секој може да си го испрограмира домот како што тој сака. Кој не би бил заинтересиран да му ја зголеми интелигенцијата на својот дом за да завршува работи кои нормално треба самиот да ги прави?

Извор: Wired, MacRumors

Претходна статијаIBM Verse – нов, поефикасен концепт за е-пошта
Следна статијаНа каква технолошка „диета“ се децата на директорите на технолошките компании