Велосипедистите секогаш имаат две грижи, дали некој ќе им го украде велосипедот или седиштето, а стартапот SeatyLock сака со еден удар да реши два големи проблеми. Нивното трансформирачко седиште многу брзо се претвора во еднометарска брава која е одговара на сите велосипеди.
Многупати сигурно се имате најдено во ситуација да се грижите и покрај тоа што вашиот велосипед е обезбеден, бидејќи синџирот не секогаш е издржлив или пак верувате дека може да наидете на доволно тврдоглав крадец.
Она што можеби е доста важно кај овој производ е тоа што е многу издржлив и не подлегнува на истиот третман како синџирите. Seatylock е интегрален дел од велосипедот и овозможува лесно да се закачи за било кој фиксен објект.
Овој уред ќе биде достапен во два модели, Seatylock Trekking и Seatylock Comfort. Со овие два модела стартапот сака да ги задоволи потребите како на спортски насторените така и на обичните урбани возачи.
Сепак од компанијата не застануваат тука, тие исто така нудат и различни дизајни и бои. Цената на оваа направа ќе изнесува околу 130 долари во зависност од желбите на купувачот. Доколку ја поддржите компанијата уште сега на нивната страна на Kickstarter ќе можете да добиете вакво седиште и за 85 долари.
Извор: Cnet, Kickstarter