Samsung вчера го одржа нивниот прв Galaxy Unpacked настан за оваа година, а како што се знаеше и очекуваше, главните производи беа Galaxy S23 телефоните. Сепак, тие не беа единствените кои беа претставени, па Samsung имаше уште една одлична серија на уреди која дефинитивно го привлекува нашето внимание.

Претставена беше нова генерација и од лаптоп компјутерите на Samsung, односно претставена беше Galaxy Book3 серијата. Од тоа што можеше да се види од презентацијата, а и од карактеристиките, Galaxy Book3 е сериозна конкуренција, не само на другите Windows компјутери, туку и на MacBook серијата од Apple.

Тоа што дополнително ја прави добра споредба со Apple е големиот акцент кој беше ставен кај Galaxy Book3 серијата во можноста за поврзување со другите Galaxy уреди. Во дел со помош на Phone Link апликацијата од Microsoft, која секогаш најдобро функционира со Samsung уредите, корисниците можат да го поврза својот телефон со Galaxy Book лаптопот компјутерите и да извршат уште повеќе активности од било кога.

Посебно се истакнува новата можност за продолжување на сурфањето од еден на друг уред, а тука се и останатите можности на Phone Link апликацијата за прикажување на известувањата, вклучување на апликациите на поголемиот екран и слично.

Преку Samsung Multi Control корисниците ќе можат да ја користат тастатурата од лаптопот за контрола на другите Galaxy уреди, а со тоа се овозможува и лесно копирање на текст, префрлување на датотеки и слично.

Главниот во серијата е Galaxy Book3 Ultra и од Samsung истакнуваат дека овој лаптоп е досега најсилниот Galaxy Book. Овој лаптоп доаѓа со 16 инчен AMOLED 2X екран, 16:10 формат, 48-120 херци стапка на освежување, како и 3К резолуција.

Корисниците можат да изберат помеѓу i7 и i9 процесорите од 13тата генерација на Intel Core. На ова треба да се додаде и Nvidia GeForce RTX 4050 и GeForce RTX 4070, со што станува јасно дека овој лаптоп е една силна машина која може да се користи за сериозна работа или за играње на игри.

Изборот на меморија е од 16 и 32GB LPDDR5 RAM и 512 и 1TB SSD диск.

Galaxy Book3 Pro моделите доаѓаат во две верзии, односно со 14 и 16 инчни екрани кои исто така имаат 3К резолуција и одличната AMOLED 2X технологија и стапка на освежување од 48-120 херци.

Изборот на процесор оди до 13th Gen Intel Core i7, а графиката кај овие модели е интегрираната Intel Iris X. Меморијата може да се избере помеѓу 8/16/32 GB, како и помеѓу 256/512/1TB за просторот за податоци.

Хибридниот модел, односно Galaxy Book3 Pro 360, кој може да се преклопи наназад, доаѓа со 16 инчен екран, исто така со AMOLED 2X технологијата и 48-120 херци стапка на освежување.

Карактеристиките на овој лаптоп се во рамките на Galaxy Book3 Pro серијата, логично, а главната разлика е можноста за преклопување на екранот.

Со овие модели Samsung има доста сериозна понуда на пазарот, па би препорачале да ги земете овие модели во предвид доколку оваа година имате во план да купите лаптоп компјутер.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаBoeing го испорача последниот авион 747 познат како Jumbo Jet
Следна статијаApple нема да назначи нов главен за дизајн по заминувањето од компанијата на замената на Џони Ајв
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.