Фото: Shutterstock.com

Заминувањето на Џони Ајв, едно од неколкуте легендарни имиња во Apple, од компанијата, дефинитивно ги промени очекувањата за иднината на производите. Ова посебно стана случајот по прекинувањето на соработката помеѓу новата компанија на Ајв и Apple, со што Apple може да се каже дека се целосно оставени „сами“ да ја продолжат работата.

Сега, според неофицијални извори на Bloomberg, наследничката на Џони Ајв, Еванс Хенки, исто така ќе ја напушти компанијата, а од таму наводно не планираат да назначат нова личност која би била главна за дизајнот на производите.

Наместо тоа, вработените во овој сектор ќе одговараат директно на главниот оперативен директор Џеф Вилијамс. Ова сепак нема да претставува огромна промена поради тоа што Хенки веќе има работено под Вилијамс по заминувањето на Ајв од компанијата.

Според информациите, Apple не ја исклучува можноста во иднина да назначи некого да биде главен на дизајнот во компанијата, доколку се „појави“ некоја таква личност, без разлика дали е од компанијата или од надвор.

Ваквите промени дефинитивно го менуваат правецот на Apple или барем нивниот углед. Оваа компанија со години беше позната баш по дизајнот на нивните производи, а Џони Ајв, заедно со блиската соработка со Стив Џобс, беше една од најкарактеристичните личности во компанијата.

По заминувањето на Ајв во 2019, кој наводно со години не бил задоволен од работата и се им повлечено, секторот за дизајн беше поделен на индустриски дизајн, односно дизајн на хардверските производи и дизајн на кориснички интерфејс, што е поврзано со оперативните системи и апликациите.

Не останува ништо друго покрај тоа да се види дали ќе се забележи некаква разлика кај производите од Apple во годините што следат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung ја претстави Galaxy Book3 серијата на лаптопи која донесува сериозна конкуренција на пазарот
Следна статијаGalaxy S23 серијата не дојде со можност за сателитска комуникација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.