Наскоро, најголемиот производител на ARM чипови, Qualcomm, треба да претстави наследник на Snapdragon 835, веројатно само како благо подобрување во чип наречен Snapdragon 836, кој најверојатно ќе се вградува во Xiaomi Mi Mix 2 и новите Google Pixel смартфони.

Сега имаме информации и за наредниот нов чип на компанијата, Snapdragon 670 (наследник на 660), кој ќе има целосно нова серија на Adreno графика од серијата 600, а ќе биде изработен и на нов процес со големина на транзисторите од 10 nm.

Ова е ист процес на изработка како кај чиповите од високата класа на Qualcomm и истиот треба да донесе позначително покачување во перформансите и намалување на потрошувачката. Според протечените информации од Кина, 670-ката ќе биде процесор со осум јадра, од кои две ќе бидат супер брзи Kryo 360 Cortex-A75, додека шест ќе бидат штедливи Cortex-A55.

Најголем скок во перформансите сепак ќе има во графиката и тоа од 25%, што е одлична вест, бидејќи кај серијата 600 на Qualcomm токму графиката е послаба страна во однос на Snapdragon 800 серијата.

Со овие подобрувања, Snapdragon 670 чипот ќе ги направи телефоните од средната и средно високата класа супер способни – таквите модели очекувајте да чинат околу 300-400 евра и да имаат перформанси многу блиски на Snapdragon 820 знаменосецот од претходната година, но и нови можности, како 3D препознавање на лицето, технологија која прва ќе биде достапна во Xiaomi Mi Mix 2 и iPhone 8.

Извор: PocketNow, Talk Android, GSMArena

Претходна статијаAlcatel претстави четири нови смартфони со Android од ниската и средната класа
Следна статијаГолем пресврт во серијата Моќ на продуцентот 50 Сент