Shutterstock.com

Видеото на директорот на Nvidia од неговата кујна најави дека од компанијата следи нешто навистина посебно, па иако имаше претпоставки, тоа што беше претставено се очекува навистина да направи разлика кај серверите и вештачката интелигенција.

„Настанот“ поради COVID-19 состојбата се одржа онлајн, а го водеше директорот на Nvidia, повторно од неговата кујна.

Претставен беше новиот графички чип A100 кој е направен во 7nm технологија и новата Ampere архитектура. Овој нов чип ќе се користи и кај RTX графичките картички, што значи и обичните корисници може да очекуваат нешто, но тоа ќе се случи дури за неколку месеци.

Тоа што сега го презема целото внимание е системот којшто беше презентиран, направен од 8 A100 графички процесори кој овозможува преку еден „рек“ да се замени цела систем сала со 25 рекови која вреди 11 милиони долари. Системот од Nvidia се гради за „само“ 1 милион и од ова е јасно колкава би била заштедата, а тука е и заштедата на енергија со повеќе од 10 пати помала побарувачка во споредба.

Овој систем ќе се користи за анализа на големи податоци, а веќе е ставен во употреба за анализа на COVID-19. Можноста за анализа на огромен број на податоци е нешто што треба да овозможи да истражувачите побрзо дојдат до потребните информации со цел креирање на третмани, но и вакцина за Sars-CoV-2.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаGoogle Chrome ќе ги блокира рекламите кои трошат многу ресурси од уредот на корисникот
Следна статијаMessenger Rooms достапна за сите корисници и за тие без Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.