New_NVIDIA_TITAN_X-970-80

Пред неколку месеци, кога Nvidia ја претстави новата GTX 1080-ка, конечно беше надмината супериорната Titan X кога се во прашање максималните графички перформанси. Сепак, шампионот го возврати ударот – новата верзија на Titan X базирана на Pascal архитектурата е повторно најбрза графичка во светот, со безобразно високи 11 teraflops.

Ова реално не е многу повеќе од 8,9 teraflops, колку што испорачува 1080-ката, иако цената е двојно повисока – 1.200 долари, барем за Founders Edition (графичките кои ќе ги произведуваат другите производители, како на пример ASUS, ќе бидат поевтини). Всушност, две 1080-ки во SLI сигурно ќе понудат подобри перформанси… Но, во повисоките класи дури и помало покачување на перформансите се плаќа, а гејмерите се познати по тоа што не штедат дури ни кога се работи за неколку фрејмови повеќе во најновата игра.

Titan X е вистинско чудовиште од технологија – има 3.584 јадра кои работат на 1,53 GHz, 12 GB GDDR5X меморија и фантастични 12 милијарди транзистори. Веројатно веќе и не треба да се спомне за графичка на Nvidia – Titan X е специјално дизајнирана со “overclock” на ум. Благодарение на ова, новата Titan X е 60% побрза од својот претходник, но разликата е помала споредено со двојно поевтината GTX 1080.

За кого е оваа графичка? За оние кои имаат подлабок џеб, односно немаат проблем да потрошат повеќе пари и кои сите игри сакаат да ги играат на максимална графика, вклучувајќи ги и оние загреаните за VR игри.

Извор: TechRadar, TechnoBuffalo, Engadget

Претходна статијаШто се случува при оттргнување од технологијата ?
Следна статијаMESUIT футролата овозможува користење Android на вашиот iPhone