Познатиот Џон Просер излезе со „рендери“ од нов MacBook Air кои се направени на основа на слики до којшто има дојдено преку неговите извори. Со цел зачувување на анонимноста на изворите, се објавуваат овие рендери, наместо сликите кои наводно доаѓаат од Apple.

Без разлика на изборот, информациите одат во правец на нешто што е логично да се очекува, а тоа е нов изглед на MacBook Air во правецот на новите iMac компјутери кои дојдоа со мали рамки околу екранот и одличен избор од повеќе бои.

Според Просер, MacBook Air ќе ги добие истите карактеристики, односно корисниците ќе можат да изберат уред во боја, а во овој случај ќе има и достатни бои кои ги нема кај iMac.

Исто како и кај iMac, екранот ќе има мала и бела рамка, а исто така од сликите може да се види дека бели ќе бидат и копчињата на тастатурата која треба да биде направена во стилот на новите тастатура кои доаѓаат со новите iMac компјутери.

Од сликите може да се види и промена во долниот дел од лаптопот, па наместо четири гумички, поставени треба да бидат две гумени ленти. Со ова треба да се овозможи дополнителна стабилност на уредот, како и заштита од лизгање.

Уште една работа која се најавува за новите MacBook Air е дека тие треба да дојдат со новата генерација од чипот на Apple, М2. Првиот чип од Apple, М1, досега се покажува одлично на тестирањата, а скоро и да нема конкуренција ако се стави во иста категорија со останатите чипови достапни на пазарот.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаА1 Македонија со нова атрактивна понуда за субјектите во угостителството и туристичката дејност
Следна статијаСмарт табли и асистивна технологија во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.