Montblanc-Timewalker-urban-speed-e-strap-watch-4

Паметните часовници можеби се’ уште не се масовно користени како обичните, меѓутоа како што поминуваат годините, ќе дојде и тоа време. Производителите на традиционални часовници треба веќе да почнат да размислуваат како да останат важни на пазарот кој што се повеќе станува „паметен“. Секогаш ќе има луѓе кои што ќе сакаат да продолжат да користат обичен часовник, меѓутоа бројката сигурно значително ќе се намали.

Еден начин да го задржат својот бизнис е овие компании на време да почнат да претставуваат свои модели на паметни часовници, паралелно со традиционалните. Тие сигурно можат да понудат нешто уникатно со оглед на долгогодишното искуство во производство на часовници.

Друг начин на кој што овие компании можат да останат релевантни на пазарот, барем уште одреден период, е начинот кој што го имаат избрано Montblanc, производител на луксузни часовници кои што чинат и по повеќе илјади евра.

Montblanc-Timewalker-urban-speed-e-strap-watch-2

Тие претставија додаток за својата Timewalker Urban Speed Collection серија на часовници кој што треба да ги направи овие традиционални часовници паметни. Додатокот е кожен ремен направен во стилот на оваа луксузна серија, кој што на долната страна вклучува мал екран. Со тоа овие часовници добиваат еден вид на паметна алка (smart band), што е одличен избор за корисниците кои што ги сакаат старите часовници, меѓутоа ги интересира и тоа што го нуди технологијата денес.

Ременот, односно паметната алка е наречена e-Strap и вклучува 0.9 инчен monochromatic OLED екран на допир. Како што би се очекувало од еден ваков производ, тој ќе може да се поврзе со паметен телефон преку Bluetooth 4 и да ги прикажува стандардните нотификации за повици, пораки и слично. Исто така, тој доаѓа и со сензори кои што овозможуваат основни фитнес функции како мерење на чекорите и слично. Исто така, корисниците ќе можат да го користат додатокот како далечински управувач за камерата на телефонот. Од компанијата најавуваат дека батеријата ќе може да се користи до 5 дена на активно користење, по што уредот може да се наполни преку USB портата.

За прилагодување на функциите, како и статистики за фитнес активностите, корисниците ќе имаат на располагање апликација за Android и iOS платформите. На веќе скапата и луксузна серија на часовници, e-Strap треба да додаде дополнителни 250 евра на цената.

Покрај тоа што ќе доаѓа со наведената серија на часовници, e-Strap ќе се продава и посебно за сите заинтересирани корисници.

Извор: The Verge, A Blog To Watch

Претходна статијаТрансплантација на матични клетки предизвикала израсток на нос на грбот на пациентката
Следна статијаHankook концепт за гуми на иднината кои се прилагодуваат зависно на подлогата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.