surface-aio

Според нови информации од ZDNet, Microsoft веќе тестира неколку различни „се во едно“ компјутери, кои ќе ја пополнат Surface линијата и кои ќе им дадат патоказ на останатите производители на хардвер за тоа како Microsoft го замислува Windows 10 кога се во прашање десктоп компјутерите.

Според најавите, Microsoft развива три модели – 21, 24 и 27 инчен, но најверојатно на јавноста ќе и претстави само една големина, иако би било логично да бидат достапни сите три. Сѐ уште нема информации за тоа што ќе ги издвојува овие модели од останатите „се во едно“ компјутери со Windows 10, но сигурно очекувајте тие да имаат моќни спецификации, односно да бидат првиот компјутер со десктоп Kaby Lake чиповите на Intel.

На истиот настан кога ќе биде претставен “Surface All in One”, Microsoft најверојатно ќе ја освежи и останатата Surface линија со новите Kaby Lake процесори, што би требало да донесе околу 15% подобри перформанси и малку подолго траење на батеријата во однос на моделите со Skylake. Сепак, ова нема да бидат нови модели – за големи промени ќе треба да почекаме до пролет наредната година.

За жал, сѐ уште нема квалитетни информации за Surface Phone, односно ZDNet јавува дека тој ќе пристигне подоцна од пролетта наредната година и нема да биде претставен заедно со Surface Pro 5 и Surface Book 2. Ова е уште едно одложување – телефонот го очекувавме многу порано. Да се надеваме и дека воопшто ќе го видиме телефонот на виделина – нема да ме изненади Microsoft да го „убие“ и тој проект.

Извор: ZDNet, The Verge, Windows Central

Претходна статијаПретставени iPhone 7 и 7 Plus со подобри камери и водоотпорни тела, но без 3,5 mm излез за слушалки
Следна статијаПронајден потенцијален лек за 90% од сите видови рак преку маларијата