Не е првпат да прочитаме дека Apple планира да додаде екран на допир кај нивните MacBook Pro лаптоп компјутери, а првиот ваков компјутер ќе биде и првиот MacBook со OLED екран.
Покрај ваквата најава од Марк Гурман од пред 2 години, сега познатиот Минг-Чи Куо го најавува истото, а почетокот на производство на овој компјутер го најавува за крајот на идната година.
Според Куо, долгорочното набљудување на однесувањето на корисниците на iPad довело до заклучокот дека во одредени ситуации, можноста за допир на екранот ја подобрува продуктивноста и целосното корисничко искуство.
За почеток неофицијалниот MacBook со чип од iPhone, нема да добие екран на допир, но се разгледува можност втората верзија во 2027 година да се приклучи на Pro моделите.