Веќе можевме да прочитаме дека Apple не се брза кога е во прашање додавањето на OLED екран кај MacBook Pro компјутерите, па после неколку најави, неофицијалните информации ја истакнуваат 2026 како годината кога може да се очекува вакво нешто. 

Најновиот извештај од познатите корејски The Elec, продолжува да ја таргетира 2026 како годината кога може да се очекува MacBook Pro серијата да добие OLED екрани. 

Ова стана карактеристика на Apple која некои ја критикуваат, но некои ја фалат и истакнуваат дека вреди чекањето додека компанија воведе нешто што со години се користи од страна на конкурентите. 

Тоа што е одлично во најавата од страна на The Elec е што тие истакнуваат дека Apple планира да користи екран како кај ланските iPad Pro M4, односно хибриден или тандем екран кој овозможува доста подобра светлина и бои кај OLED екраните. 

Исто така, овој вид на екран се очекува да овозможи намалување на димензиите на MacBook Pro, па идната година покрај воведувањето на OLED, изгледа може да се очекува и редизајн кај овие популарни компјутери. 

Информацијата која ја објавија од The Elec исто така го споменува и MacBook Air, но за корисниците кои чекаат и овој компјутер да добие OLED екран нема баш добри вести. MacBook Air како и да е се очекуваше да се префрли на OLED нешто подоцна од Pro верзиите, а сега се истакнува дека наместо во 2027, плановите се одложени за 2029 најрано. 

Во меѓувреме MacBook Air ќе добие одредени подобрувања на LCD екранот, но не се најавува префрлување барем на mini LED, каков што сега имаат MacBook Pro. 

Има време до претставувањето на овие компјутери, а во меѓувреме ќе можеме да прочитаме уште доста неофицијални информации. 

ИЗВОРDigital Trends
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 6 Gen 4 со акцент на неговите способност за „гејминг“
Следна статијаGalaxy S25 Ultra го победи iPhone 16 Pro Max во тест за брзина на работа со апликации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.