Оние што работата им е растргната на неколку уреди секогаш имаат потреба од користење на една тастатура за повеќе намени. Тоа сега е возможно со бежичната Multi-Device Keyboard K480 на Logitech.
Ова помагало може да се поврзе со оперативните системи Mac, Windows, па дури и Chrome од една страна и со мобилни уреди што работат на Android и iOS од друга страна преку единственото аналогно копче.
Оваа тастатура не се разликува многу во техничките спецификации од претходните генерации K810 и K760 кои се одлични за интерконекција во домашни услови. Секако дека компанијата има голем избор на тастатури што се одлични за во дневната соба, како што е примерот и со K830 која меѓудругото има тачпад за уште полесно маневрирање.
Она што е голем плус овојпат е просторот на кој може да се постават таблетот или телефонот. Дизајнот е доста интересен, делува удобно и доаѓа во бела и црна варијанта. Може да се претпостави дека Logitech со овој уред главна цел им е лесна преносливост, а тоа може да се увиди од големината на тастатурата на која единствена маана и е тоа што недостастуваат нумерички копчиња.
Кога ќе се земе се’ предвид уредот има одлична прегледност доколку треба да напишете некоја порака на мобилниот, да запишете нешто на вашиот календар на таблетот, за потоа да се префрлите на работата на вашиот компјутер. Тастатурата Logitech K480 се очекува да се појави во САД и Европа овој месец, а цената од 50 долари го прави ова парче технологија уште понеодоливо.