За време на Computex 2021, Intel најави два нови процесори од серијата наменети за потенките и преносни лаптоп компјутери, односно од U серијата. Овие процесори се од 11-тата генерација и доаѓаат со Iris Xe интегрираната графика од Intel.

Двата нови процесори се Core i7-1195G7 и Core i5-1155G7. Како што би се очекувало од чипови од U серијата, тие доаѓаат со пониска потрошувачка, односно работат од 12 до 28W. Сепак, Intel успеа да донесе доста подобри перформанси кај овие чипови со Iris Xe графиката, па корисниците добиваат доста повеќе од своите лаптопи за разлика од претходните генерации.

Посилниот, односно i7-1195G7 може да работи до 5.0GHz преку Turbo Boost Max технологијата, а основната фреквенција на овој процесор е 2.9GHz. i5-115G7 има основа фреквенција од 2.5GHz, а може да достигне до 4.5GHz.

Intel продолжува да има проблеми со поголемата конкуренција од AMD, но и со одлуката на Apple да развива сопствен чип и постепено да не ги користи чиповите од Intel. Тестирањата покажуваат дека чиповите од Apple се доста подобри од тие на Intel, па од компанијата ќе мора да преземат нешто во годините што следат.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаПрепорака за филм: Wrath of Man (2021)
Следна статијаХортикултурно уредување во скопската општина Карпош од страна на „Макпетрол“ АД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.