Intel во текот на вчерашниот ден ја одржа својата Intel Accelerated конференција која може да се каже е еден од најважните настани од компанијата изминатиот период. Тоа е така поради послабиот настап на пазарот во споредба со конкурентите, а посебно треба да се истакне пренасочувањето на Apple од Intel кон својот М1 чип кој се покажува доста подобар дури и од некои од посилните Intel чипови, иако овој е направен во ARM архитектурата.

Intel на овој настан ги презентира плановите за наредните неколку години, па сега имаме подобра претстава што може да се очекува од компанијата. Се очекува поголемо враќање над конкурентите на пазарот за 3 до 4 години, кога и чиповите на Intel ќе бидат направени во ново најавената технологија на овој настан.

Една од главните новини од Intel е именувањето на технологијата на производство, што иако може да се каже дека од една страна е маркетиншки потег, сепак подобро ги вади на површина до некаде неточните споредби кои сега постојат помеѓу конкурентите.

Иако Intel уште се води дека нивните чипови работат на 10nm технологија, истата не е многу различна кога ќе се спореди со 7nm технологија од конкурентите.

Со новиот начин на именување на чиповите ќе се тргне оваа споредба, па чиповите ќе треба да се гледаат според нивните конкретни предности.

Главната најава кога е во прашање технологијата е новата RibbonFET која во 2024 ќе ја замени FinFET технологијата која се користи уште од 2011. Ова се смета и почетокот на стигнувањето на конкурентите од страна на Intel, нешто што дефинитивно се очекува да се случи во 2025.

Intel 20A ќе биде името на технологијата кое ќе го користи Intel наместо истакнување на нанометрите. Intel 18A ќе биде главниот напредок кој се очекува за 2025 година.

До тогаш, Intel ги најави Intel 7, Intel 4 и Intel 3 чиповите кои ќе бидат соодветно направени со 10nm и 7nm технологија, ако ги споредиме со технологиите од конкурентите, односно нивниот начин на именување.

Заедно со RibbonFET, Intel најави и нова технологија за напојување, PowerVia, која исто така ќе почне да се користи од 2024 година.

ИЗВОРIntel
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСтуденти од цела држава на платена пракса во ТИРЗ
Следна статијаTM Roh објави што можеме да очекуваме за следниот Samsung Unpacked: Се отвора нова ера од иновации на паметни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.