immersis-projector-660x320

Виртуелната реалност дефинитивно го убива 3D видеото. Можноста да сте целосно опкружени со виртуелна реалност, односно некој филм или видео до пред неколку години делуваше неверојатно, но сега е веќе реалност, благодарение на очилата за глава за виртуелна реалност, како и на првиот проектор кој може да ја направи вашата соба целосно виртуелна, со панорамски видик со 180 степени!

На овој начин, за разлика од Oculus Rift, кој е индивидуален уред, Immersis ќе може да забавува поголема група на луѓе, но и да го трасира патот на Холивуд да почне да снима повеќе и повеќе панорамски филмови, кај кои може да се постигне чувство на виртуелна реалност, односно дека сте навистина во филмот.

Immersis овозможува 3D видео преку fish-eye леќата во предниот дел (за оние што не знаат, fish-eye кај фото апаратите може да снима 180 степени) која сликата ја продуцира на заоблен ѕид. Предноста на оваа леќа е што овозможува само една слика да се продуцира на целиот ѕид, за разлика од употребата на повеќе проектори, кои продуцираат неколку слики една до друга. Ова решение е многу полесно за поставување и ќе може да го користат и технички најмалку поткованите корисници.

immersis-mapping-660x371

Единствено, проекторот треба да има 3D модел од собата, на што од Immersis работат напорно да го направат автоматски процес, што ќе го олесни и самиот развој на игрите, односно снимањето на филмовите за ваков проектор. И покрај тоа, дури и сега, веќе неколку игри можат да работат со Immersis, бидејќи имаат панорамски мод, како на пример поновите Call of Duty, односно Elder Scrolls: Skyrim.

Immersis е сега во “Kickstarter” фаза, а според најавите, ќе помине подолго време додека го видиме на пазарот, бидејќи се уште е во бета тестирање. Да се надеваме дека тоа сепак ќе се случи и дека Холивуд ќе почне да снима „панорамски“ филмови.

Извор: Wired

Претходна статијаTesla развива батерија за вашиот дом
Следна статијаКреирана проѕирна лушпа од јајце за следење на развојот на ембрионот