Screenshot 2015-02-16 17.18.44

Научниците за разбирање на одредени биолошки процеси, како и влијанието на лековите и слични други тестирања, најчесто ги користат животните. При откривање на одреден лек или третман за одредена човечка состојба, тестирањата прво се прават на животните, односно на глувци, зајаци и слично. При овој процес се следи ефектот на лекот на животното, по што се одлучува дали тој може да има ефект на луѓето, пред да биде одобрен за човечко тестирање.

Еден од проблемите на ваквото тестирање е моралната оправданост, односно хуманоста на тестирањата, против кои што има голем број на организации кои што се борат за нивно прекинување. Меѓутоа, покрај дискусијата за нивната хумана оправданост, ваквите тестирања исто така не нудат 100% точност во резултатите. Одредени работи може да се погодат како ефикасни кај животните, меѓутоа не и кај луѓето и обратно.

За таа цел научниците почнуваат да ги користат матичните клетки направени да имитираат одреден човечки орган. Овој начин на работа е наречен Lab on a chip, односно лабораторија на чип и подразбира поставување на човечки клетки формирани да ја имитираат функцијата на некои од органите. Потоа тестирањата се прават на овие клетки со што се добива можноста да се види нивната реакција на одредени лекови.

Во правец на развојот на ваквите тестирања, научниците од Tsinghua University од Пекинг, Кина, имаат развиено проѕирна лушпа од јајце со која што се овозможува следење на развој на ембрионот во целиот негов период. Лушпата е направена од органски полимер базиран на силикон.

Во видеото во продолжение може да се види развојот на ембрионот во јајцето во период од 17 дена, што претставува 3 дена помалку од потребниот период за целосен развој. Набљудувањето на јајцето на научниците им дава уникатна можност за следење на развојот на еден жив организам од самиот почеток, да го гледаат развојот на крвните садови, на органите и слично.

Извор: ScienceAlert

Претходна статијаImmersis – Виртуелна реалност во целата просторија
Следна статијаLG го најави LG Watch Urban, луксузна верзија од својот паметен часовник
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.