Еден од најпознатите производители на компјутерски компоненти, повторно ја подигна играта на повисоко ниво, претставувајќи ултра брза рам меморија со водено ладење и кулери кои левитираат, а со цел потивка работа и повисоки брзини.
Рам меморијата со работната фреквенција може да засрами и многу процесори. Поточно, скоро сите од нив. Се работи за DDR4 рам наменет за X99 и Х100 матични плочи, кој може да работи на фреквенција од масивни 4.333 MHz! Ова значи дека рам меморијата многу побрзо ќе ги извршува своите задачи, што е особено важно за тешките 3D игри, кои сѐ почесто бараат побрз рам.
Поради ова, плочките доаѓаат со свое водено ладење, а бидејќи се пред сѐ наменети за гејмерите, ќе имаат и вградени LED светла во боја која ќе може да се менува. Vengeance LED и Dominator Platinum Special Edition ќе бидат достапни во максимум 64, односно 32 GB капацитет.
Ви делува чудно рам меморија да има сопствено ладење? Еве нешто уште поинтересно – кулерите кои ги спомнавме погоре пак имаат „вентилаторче“ кое лебди над куќиштето, односно нема лагер под него. Поради ова, триењето е многу помало и кулерите работат супер тивко и можат да постигнат повисоки брзини. Достапни ќе бидат модели со големина од 120 и 140 милиметри, како и вентилатори со проѕирни перки, низ кои може да помине RGB осветлувањето во боја.
На крај, веројатно не помалку важно, Corsair престави и водено ладење за Hydro GFX моделот на најбрзата светска графичка GeForce GTX 1080. Воденото ладење кај оваа графичка би требало да постигне повисоки работни фреквенции од оние со класично ладење, но за тоа останува да ги видиме бенчмарк мерењата.
Извор: PC World, Tom’s Hardware, PC Gamer