Она што ASUS го претстави изминатите години на пазарот на матични плочи е доста импресивно. Секако кога се бара моќ, најчесто се мисли на матична која ќе ги задоволи оние кои имаат најголема потреба од тоа, гејмерите. Започнувајќи во 2006 под брендираното име ROG (Republic Of Gaming), ASUS ги претставува најмоќните матични плочи. Нивното константно надоградување и секако, можноста да на истите се поврзат најновите генерации на хардвер се главните адути на оваа серија која се повеќе ги привлекува срцата на гејмерите.
Како и своите предци, Asus Republic of Gamers Maximus VII Hero ги потврди очекувањата за истата. Поддршката на последната генерација Devil’s Canyon Haswell процесори како и Broadwell процесорите кои по последните најави пристигаат заедно со летото, се предностите со кои ASUS целат кон гејмерската заедница. Иако скептиците го оспоруваат напредокот на овие две генерации на процесори кои како и своите претходници се базирани на 8 јадра, останува да видиме колку Broadwell процесорите реално ќе бидат надградени со процесирачка моќ.
Иако пред време сепак PCIe слотот за најновиот формат на SSD дискови, M.2, е дополнителен доказ дека оваа матична плоча е тука за да остане. Веќе е познато дека досегашните SSD дискови се базирани на SATA, кога станува збор за персонални компјутери, но тоа не е пречка да се дочека оваа нова технологија подготвен. Брзина на трансфер на податоци која достигнува 1GB/s кај оваа технологија би значела дополнителна моќност на вашата машина кога би се додала на досегашните максимални 600MB/s кои ги нуди SATA.
Покрај овие предности, имајќи предвид дека се работи исклучиво за гејмерска матична плоча може да додадеме дека ASUS и тоа како се потрудил да го понуди најдоброто во моментов. Вградената SupremeFXonboard звучна картичка е тука да ви обезбеди незаборавно звучно искуство. Комплетното отстранување на статичната бучава како и дополнителните софтверски решенија на оваа 7.1 звучна картичка гарантираат беспрекорно уживање дури и при употреба на слушалки.
Посветеноста на гејмерите носи и внимавање при мрежното поврзување. Па така новата технологија на Intel Ethernet GameFirst III кога станува збор за on-line игрите нуди уште подобри перформанси. Искористеноста на процесорот е скоро двојно помала, а протокот на податоци двојно поголем.
И за крај да го спомнеме и KeyBot микропроцесорот. Со помош на специјално наменетиот USB слот преку кој со едноставно поврзување на вашата стандардна тастатура ви овозможува да ги програмирате копчињата со функции кои ќе ја одредат работата на вашиот компјутер. Па така секоја обична тастатура може да ја направите мултимедијална, или едноставно преку неа да ја контролирате брзината или работата на вашиот компјутер. Можете слободно да го контролирате клокирањето на процесорот, да зададете параметри за стартување на некоја апликација, програма, фолдер, или што и да е. Па така и не би ви биле потребни скапи тастатури со дополнителни мултимедијални копчиња.
Карактеристики на Asus ROG VII Hero:
- Asus Republic of Gamers Maximus VII Hero е базирана на најновиот Intel-ов Z97 чипсет
- PCIe слотот за M.2 технологијата на дискови сеуште останува да се докаже во иднина
- Квалитетна SupremeFXonboard звучна картица
- Напредна KeyBot технологија
- Intel Ethernet GameFirst III како подобрување на on-line искуството
- Dual-channel, 4 слота за RAM меморија до 32GB
- Портови: 6 x SATA 6Gbps via Intel Z97, 2 x SATA 6Gbps via ASMedia, 1 x M.2, 6 x USB 3.0 (2 x via header), 7 x USB 2.0 ( 5 x via header), 1 x LAN, audio out, line in, mic, Optical S/PDIF out, HDMI, DVI, VGA
За цена од 270$ може да се каже дека ASUS го нуди најдоброто. Дизајн, перформанси, стабилност, и пред се гејмерско уживање. Па доколку сакате вашата гејмерска машина да ја замените со нова, ви препорачуваме да започнете со Asus Republic of Gamers Maximus VII Hero.