surface2

Како што беше најавено, Microsoft денес ќе одржи приватен настан за новинари кој што ќе се одржи во New York во 17:00 часот по македонско време. Иако ништо официјално не е најавено, се очекува претставување на долго очекуваниот Surface Mini кој што треба да проба да им конкурира на веќе многу популарните mini верзии на таблет компјутерите од Apple и Google.

Доколку навистина биде претставен Surface Mini се очекува да биде со големина на екранот од 7 до 8 инчи, односно стандардната големина за mini верзиите од уредите. Процесорот треба да биде ARM од Qualcomm, па соодветно на тоа оперативниот систем ќе биде Windows 8.1 RT. Ова е верзијата од Windows на која што покрај неколку од Microsoft, корисниците не може да инсталираат стандардни x86 програми, туку само модерни апликации кои што се наменети за екраните на допир. Според нас доколку навистина биде така, би било разочарувачки и шансите за успех би била намалени поради помалата популарност на оваа верзија од оперативниот систем кој што се’ уште има голем недостаток на апликации. Исто така конкурентите кои што имаат претставено mini уреди ги користат Atom процесорите од Intel кои што овозможуваат инсталирање на целосната верзија од Windows 8.1. Surface Mini исто така треба да доаѓа со некој од достапните пенкала за екраните на допир, нешто што е популарно кај овој тип на уреди.

Surface Mini се очекува да биде достапен за корисниците веќе од Јуни, но како и другите верзии во Македонија моментално не може да се нарачаат.

Покрај претставувањето на Mini верзијата, исто така се очекува Microsoft да ја претстави и наредната генерација од овој таблет компјутер, односно Surface Pro 3. За овој таблет се очекува и можноста тој да биде поголем од претходната верзија, односно да биде претставена верзија со 12 инчен екран. Покрај поголемиот екран од оваа верзија се очекува да има потенка рамка на екранот, со што ќе се добие впечаток на помал уред. Ќе доаѓа со поголем избор од процесори, односно верзии со i3, i5 и i7 со избор од неколку големини на вградена меморија за складирање и RAM меморија.

Настанот кој што ќе се одржи денес во 17:00 часот ќе може да се следи во живо преку Microsoft News Center, а сите претставени уреди ќе можете да ги дознаете тука на Smartportal.mk.

Претходна статијаAsus Republic of Gamers Maximus VII Hero
Следна статијаНова верзија на Gmail за Android, донесува можност за зачувување на фајловите во Drive
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.