apple-carplay1

На меѓународниот саем на автомобили кој што ќе се одржи оваа недела во Женева, Ferrari, Mercedes-Benz и Volvo ќе претстават модели во кои што е интегриран новиот CarPlay систем од Apple. CarPlay е систем составен од екран на допир како контролна табла во автомобилот, кој што работи преку поврзување на iPhone мобилен телефон преку Lightning портата. Доаѓа како надградба на iOS 7 и поради потребата за Lightning порта, работи само со поновите модели, односно со iPhone 5, 5s и 5c. Покрај овие три производители, од Apple најавуваат приклучување на повеќето останати како, BMW Group, Ford, General Motors, Honda, Hyundai Motor Company, Jaguar Land Rover, Kia Motors, Mitsubishi Motors, Nissan Motor Company, PSA Peugeot Citroën, Subaru, Suzuki и Toyota Motor Corp.

CarPay доаѓа со кориснички интерфејс на кој што ги има познатите iOS икони, меѓутоа прилагоден за овозможување на едноставно користење во автомобилите, односно за време на возење. Корисничкиот интерфејс е чист и ги прикажува само потребните работи со цел возење без непотребно привлекување на вниманието, како и потребата од читање и пребарување на достапните команди. Со CarPlay корисниците можат да добиваат насоки, да примаат и прават повици, да примаат и праќаат пораки и да слушаат музика.

carplay-maps

carplay-call

carplay-messages

Системот повеќето работи може да ги врши преку Siri, што значи дека за повиците или пораките не е потребно гледање кон екранот при возење, односно активностите корисникот може да ги прави преку гласовни команди. Siri добиените пораки ги чита, а одговорите на пораките корисникот може да ги диктира со што неговото внимание цело време ќе остане на патот.

Исто така Siri може да прави предвидување на наредната дестинација преку добиените пораки, претходните возења, контактите и закажаните состаноци. Без разлика дали наредната дестинација е предложена од Siri или корисникот сам ја побарал, системот овозможува гласовна навигација со информации за сообраќајот, времето до дестинацијата и слично.

carplay-music

CarPlay исто така може да се користи за слушање на музика, па во него покрај слушањето на музиката од телефонот, поддржани се и iTunes Radio, како и Spotify и iHeartRadio.

apple-carplay2

Покрај преку екранот на допир и гласовните команди, системот може да се контролира и преку копчињата со кои што доаѓа моделот на автомобилот, како и вграденото копче за активирање на Siri поставено на воланот.

Претходна статијаAllSee, нова технологија за препознавање на гестови која работи без камера и батерии
Следна статијаKickstarter ја помина границата од една милијарда долари вложени од поддржувачите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.