phone_waveform

AllSee е технологија во развој од страна на тим од компјутерски научници, односно професори и студенти од Вашингтон Универзитетот (University of Washington). Технологијата која што ја развива овој тим е наменета за контролирање на уреди, односно издавање на команди, преку препознавање на гестови кој што ги правиме со рацете преку мал уред кој што не бара камера за препознавање на дадените команди, како и батерија за негова работа.

Поточно овој уред работи преку достапните ТВ и безжични сигнали достапни околу уредот, кои што ги користи за препознавање на гестовите, како и за напојување со енергијата потребна за работа. Поради тоа овој уред нема потреба од посебна батерија, користи многу помалку енергија од сличните уреди и исто така не користи камера за препознавање на гестовите како моментално достапните уреди со ваква намена. Уредот ги препознава промените во сигналите околу него кои што се случуваат кога поминувате со рацете во негова близина, односно со рацете ја нарушувате нивната амплитуда, па информациите што ги добива ги претвора во конкретни команди кои што може да бидат програмирани зависно од потребите.

prototype_phone

Уредот иако тестиран на мобилен телефон, може да биде поставен на било каков друг уред кој што би имал корист од вакво контролирање. На пример, можно е негово поставување во домот на уредот за контролирање на климата, па преку едноставните движења со рацете да ја местите саканата температура и слични команди. Поради немањето потреба од камера која што ги препознава гестовите, AllSee уредот работи и кога не го гледате, што значи дека вашиот мобилен телефон можете да го контролирате додека се наоѓа во вашиот џеб или чанта.

vision_iot

Исто така доста интересна страна на оваа технологија се ниските трошоци, односно уредот може да биде имплементиран за помалку од еден долар, како што изјавува Shyam Gollakota, асистентот на професорот за компјутерски науки и инженерство. „Ова е првиот систем за препознавање на гестови кој што може да биде имплементиран за помалку од долар и не бара батерија. Може да ги користи ТВ сигналите како извор на енергија и како извор за препознавање на гестовите“.

Извор: University of Washington

Претходна статијаLenovo Yoga Tablet 10 HD+ претставен на MWC 2014
Следна статијаApple го претстави CarPlay, систем за поврзување на iPhone со вашиот автомобил
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.