СКОПЈЕ, 28 Јануари 2020 –  Wizz Air, најзелената авиокомпанија во Европа и водечкиот нискобуџетен авиопревозник во Централна и Источна Европа, ја претстави својата нова услуга „Автоматско пријавување“, која им овозможува на клиентите да ги добијат своите карти за влегување во авионот 50 часа пред летот. Овој нов иновативен производ беше дизајниран за клиентите кои сакаат да ги резервираат нивните билети и да не се грижат за картите за влегување во авионот.

Системот за резервации ќе ги пријави патниците кои ја додале оваа услуга, 50 часа пред полетувањето, автоматски ќе им одреди седиште (случајно или претходно одбрано) и ќе им ја испрати картата за влегување на клиентите преку e-mail. Услугата може да ја додадете при резервирање на летот и на страницата со Вашиот план на патување.  Услугата „Автоматско пријавување“ е опфатена во пакетот WIZZ Plus, но може и да се додаде засебно ако сте ги додале услугите Wizz Flex, „Пријавување на аеродром“, „Флексибилен сопатник“ или Wizz Priority во Вашата резервација. Автоматското пријавување е достапно за такса ниска дури до EUR 1,50 по лет по патник. Дополнителни информации за производот и правилата и условите може да се најдат на https://wizzair.com/mk-mk/information-and-services/uslugi-na-wizz/avtomatsko-prijavuvanje.

Wizz Air постојано се стреми да ги подобри своите услуги и портфолио на производи со цел најдобро да се совпаднат со потребите на патниците и да го направи процесот на пријавување што полесен и поедноставен. Автоматското пријавување се приклучува на проширениот опсег на производи во портфолиото на WIZZ. Авионската линија нуди различни услуги кои им помагат на клиентите да го добијат најдоброто од нивното WIZZ патување – детали за овие производи се достапни на wizzair.com.

Паулина Госк, Корпоративен Менаџер за комуникации во Wizz Air изјави: „Со задоволство го објавуваме додавањето на уште една иновативна услуга во нашето растечко портфолио на производи. Времето станува сè поважно кога планирате бизнис или рекреативни патувања. Со нашите нова услуга „Автоматско пријавување“, клиентите можат да заштедат време, да ја одбегнат обврската за пријавување и преземање на WIZZ картите за влегување во авионот и да се фокусираат на она што е навистина важно за нив.Ние во Wizz Air постојано ги следиме потрошувачките трендови и продолжуваме да развиваме нови производи и услуги за да го направиме патувањето на нашите клиенти уште поедноставно.“

Претходна статијаAvast ги продава собраните информации за корисниците на големи и познати компании за милиони долари
Следна статијаНеофицијални слики целосно го прикажуваат Galaxy Z Flip заедно со детали за неговите карактеристики