Shutterstock.com

При крајот на минатата година можевме да прочитаме дека познатата чешка компанија Avast, во чија сопственост е и AVG, има собирано информации за сурфањето на корисниците преку нивните додатоци за прелистувачите. Овие додатоци, кои се наменети за заштита на корисниците при сурфање, имаат собирано повеќе видови на информации, дури и такви за кои може да се тврди дека не се баш потребни за функционирањето на додатоците.

Сега оваа компанија, која е една од најпознатите во светот за интернет безбедност со повеќе стотини милиони корисниците, повторно е во вестите, а овој пат изгледа се дознава што се прави со сите тие собрани податоци.

Треба да се нагласи дека податоците се собираат од корисниците кои се имаат сложено да ги споделат, меѓутоа јасно е дека голем дел од корисниците само стискаат дозвола без да знаат што истата значи.

Motherboard и PCMag имаат дојдено до тајни документи од кои се гледа дека компанија во сопственост на Avast им ги продава овие податоци на познати компании за повеќе милиони долари. Со овие информации компаниите потоа можат да прават секакви анализи за желбите на корисниците, за нивните навики и слично.

Компаниите кои е откриено дека некогаш биле или се во соработка со компанијата Jumpshot се такви имиња и како Google, Microsoft, Pepsi и доста други.

Информациите кои биле продавани содржат пребарувања на Google, локации и GPS координати од Google Maps, корисници кои посетиле бизнис профили на LinkedIn, видеа на YouTube, како и корисници кои посетуваат одредени веб страни со порнографска содржина.

Се истакнува дека податоците до кои е дојдено покажуваат дека информациите кои се продаваат не содржат лични податоци, односно тие не се поврзани со конкретни корисници. Сепак, се верува дека доколку некој сака, има начин како да открие чии се одредени податоци.

Овој случај, како и доста други, покажува во какво време живееме, колку е интернетот важен дел од животот, па колку е важно како информација што е тоа што корисниците го прават на интернет. Најчесто ова се прави за потреби за рекламирање на производи, но јасно е дека истото многу лесно може да биде злоупотребено и за други цели, а дури и да е само за реклама, сигурно никој нема да каже дека е во ред да апликација која треба да ги штити корисниците, ги продава нивните навики за профит без нивно знаење.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Engadget
  • ОЗНАКИ
  • AVG
Претходна статијаЗапочна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FREEBUDS 3 во Македонија
Следна статијаWizz Air го прави патувањето полесно со „Автоматско пријавување“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.