Македонски Телеком во рамките на Black Friday и Cyber Monday акцијата овозможува големи попусти на атрактивни мобилни телефони. Корисниците можат да купат телефони од брендовите Apple, Samsung, Huawei, Xiaomi, Sony, Motorola и Nokia со попуст и до 8.000 денари. Одредени модели, пак можат да се купат и по цена од 1 денар. Попустот на телефоните се однесува за корисници на Magenta 1 М и Smart М тарифните модели, со договор во Доверба 24.

Корисниците кои што ќе нарачаат телефон во рамки на Black Friday акцијата, можат да ја искористат и актуелната кампања на Телеком за осигурување смартфон за само 1 денар. Промотивното осигурување важи за период од 2 години и се однесува за секој нов телефон купен купен со Доверба 24 во Magenta 1 M и Magenta 1 L, како и во Smart M и Smart L тарифите.

Black Friday акцијата ќе трае заклучно до 02.12. Со нарачката вклучена е достава, а количините на телефоните се ограничени. Попустот за корисниците ексклузивно е достапен во Телеком онлајн продавницата.

Претходна статијаСоларно полнење како дополнителна опрема на футуристичкиот Cybertruck
Следна статијаNetflix повторно отвори старо и познато кино во Њујорк во кое ќе ги прикажува своите филмови