Скопје, 13 мај 2019 – Идните сопственици на моќната Galaxy S10 серија ќе имаат уште една причина да се радуваат на купувањето на новите S10e, S10 и S10+ уреди, затоа што на подарок ќе добијат безжични “Y500 AKG Harman“ слушалки во вредност од 14.500 денари.

Воедно, за потрошувачите максимално да уживаат во својот уред без грижи, покрај слушалките со високо квалитетни аудио перформанси, ќе добијат и право на една година осигурување во случај на оштетување на екранот.

Правото на подарок и осигурување на екранот се стекнува откако гордите сопственици на моќен уред од новата Galaxy S серија, во рок од седум дена од датумот на купување, ќе се регистрираат на страницата www.samsungsp.eu/mk/.

Поволностите можат да ги искористат и правни лица, кои пополнуваат засебна регистрациска форма во рамки на горенаведениот линк.

Промоцијата која опфаќа осигурување на екранот и подарок слушалки важи за уредите од Galaxy S10 серијата купени во период од 10.05.2019 до 07.06.2019, додека времетраењето на процесот на регистрација е од 10.05.2019 до 14.06.2019 година.

Оваа акција се однесува само за уредите купени кај официјалните продажни партнери на компанијата Samsung. Сите заинтересирани повеќе информации може да пронајдат на следниот линк: www.samsung.com/rs/offer/samsung-podaruva-mk/.  

Претходна статијаИноватори и претприемачи од регионот започнуваат со GIST регионалниот тренинг во Скопје
Следна статијаМакпетрол самоиницијативно ги намали цените