Shutterstock.com

Уште од најавата на iOS 14 беа објавени и дел од новините кои треба да ја подобрат приватноста на корисниците. Сега кога воведувањето на тие новини се ближи, се најавуваат за почетокот на идната година, тие предизвикуваат еден вид на мала „војна“ помеѓу Apple и Facebook.

Промените кои треба да бидат воведени директно влијаат на основниот начин на кој функционира Facebook, за кој веќе со години се предмет на критика, а посебно од организациите кои се залагаат за поголема приватност на интернет корисниците.

Кратко кажано, Facebook овозможува прикажување на реклами, но клучниот дел во тоа е што тие реклами може да се избере на кого да му бидат прикажани покрај врз основа на локација, возраст, пол и слично, врз основа на интересите на корисниците.

Facebook ги знае интересите на корисниците врз основа на содржината која ја споделуваат на мрежата, лајковите, но и врз основа на следењето на страните кои ги отвораат преку кодот од мрежата кој е поставен преку лајк копчето на скоро сите страни, како и преку следење на страните кои се отвораат од страна на мобилната Facebook апликација.

Сето ова овозможува да мрежата може да им овозможи на огласувачите големо таргегирање на корисниците точно според интересите кои им се потребни, а корисниците од друга страна добиваат реклами кои навистина би ги интересирале.

За потсетување, сигурно имате забележано дека по посетата на некоја страна со производ, не ретко тој производ ви се појавува како реклама на Facebook.

Apple планираат да почнат да ги известуваат корисниците кога некоја апликација сака да ги следи активностите на корисниците на друга апликација или да ги следи веб страните кои ги отвораат. Корисниците потоа ќе имаат избор да го дозволат тоа или да побараат практиката да престане.

Доколку ова стане стандардно кај повеќето корисници ќе биде голем удар за бизнис моделот на Facebook, а во прашање се милијарди долари на заработка.

Од Facebook обвинуваат дека целта на Apple не е заштитата на приватноста на корисниците, туку промовирање повеќе да се користи нивниот модел на претплата. За таа цел тие веќе неколку денови објавуваат огласи во весниците со критика за новата функција на iOS, со надеж дека ќе добијат поголема поддршка од јавноста.

ИЗВОРNBC News
Претходна статијаГолемо хакирање на производите од SolarWinds овозможи упад во повеќе државни институции во САД
Следна статијаOvosen.mk е првата онлајн продавница создадена од глуви лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.