Facebook е платформа која има повеќе од 2 милијарди корисници во целиот свет. Тоа е огромна бројка со која се доаѓа до заклучокот дека нема некој што нема Facebook, барем во нашето опкружување.

Ваквата ситуација става голема одговорност на компанијата, нешто за кое многу често се критикувани. Сепак, епидемија на светско ниво со вирус кој е нов и се покажува како прилично сериозен, е нешто каде Facebook може да се покаже како добро влијание и својата „моќ“ поради бројот на корисници кои ги добиваат своите информации најчесто само преку оваа мрежа, да ја искористи во правец на подобрување на ситуацијата.

Марк Закерберг излезе со неколку информации за што е тоа што го прават од Facebook во оваа ситуација на светска епидемија. Како прво, Светската Здравствена Организација ќе има бесплатен пристап до платформата за реклами на Facebook, односно ќе може да пушта колку сака реклами со цел ширење на точни информации поврзани со вирусот.

Исто така, Facebook ќе ги трга сите лажни вести кои шират паника и сите теории на заговор од нивната мрежа. Дополнително, од компанијата ќе ги тргаат и сите реклами за производи за кои се тврди дека лечат од вирусот.

Facebook како мрежа со огромен број на корисници ќе се користи и во правец за подобро менаџирање на регионите погодени од болеста, како и спречување за истата. Ова значи дека податоците од мрежата за густината на население и неговото движење ќе може да се користат од страна на здравствените организации.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.