DuckDuckGo е интернет пребарувач којшто ја доби својата популарност поради начинот на работа кој не вклучува следење на своите корисници. Иако овој пребарувач функционира исто така со реклами, истите ги прикажува врз основа на тоа што се пребарува, а не врз основа на претходните пребарувања или сурфањето на корисникот на други страни.

Изминатите години овој пребарувач успеа да се пробие како сериозен фактор и конкурент на Google, а во Европа каде на Google му беше наложено да им даде избор на корисниците на Android, DuckDuckGo се покажа како првиот избор.

Покрај пребарувачот, DuckDuckGo имаат и екстензија за Chrome, Firefox и Safari, како и посебни интернет прелиствуачи за мобилните уреди. Овие апликации функционираат со една цел, а тоа е да се овозможи поголема приватност при сурфањето преку блокирањето на интернет тракерите.

Блокирањето на тракерите се прави врз основа на листа, а вакви додатоци и листи има од неколку компании, а веќе и повеќето прелистувачи имаат вградено решение.

Својата листа за која истакнуваат дека е направена со посебен начин на прибирање, внимавајќи на функционирањето на веб страните, е редовно ажурирана со нови домејни од тракерите.

Пристапот до листата сега е отворен за сите, како и технологијата која се користи за креирање на листата. Тоа значи дека сите заинтересирани ќе можат да ја користат, а од DuckDuckGo истакнуваат дека истата ќе може да им користи на програмерите за да направат сопствени додатоци, како и на истражувачите кои прават истражување на оваа тема.

ИЗВОРDuckDuckGo
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаКако Facebook ја користи својата платформа и технологија за борба против коронавирусот
Следна статијаЗдружението GSMA назначи претставник на Huawei за заменик претседател на eSIM WG1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.