Денешните бизнис практики бараат сосема нов пристап кон корпоративната мобилност, а претприемачите се под притисок да го одберат вистинското решение за максимално искористување на придобивките на 21 век во корист на нивниот бизнис. Најдобрите компании го должат успехот на паметното и економично менаџирање со ресурсите, намалувањето на трошоците за зголемување на профитот и воведување нови, иновативни мерки во работењето. Една од ваквите мерки е Fleet management – термин кој низ светот станува сѐ попопуларен, благодарение на илјадниците нови бизниси кои се раѓаат секојдневно.

Секоја компанија која поседува возен или машински парк има потреба од контрола, управување, лоцирање и следење на возилата и машините со кои располага. Преку Fleet management решението претприемачите добиваат пристап до сервер за автоматска оперативна контрола на возниот парк, поврзан со GPS уред вграден во секое возило на компанијата. Серверот собира податоци за локацијата, горивото, брзината на движење и слично, кои потоа ги испраќа до Fleet management апликацијата на корисникот. Пристапот до податоците е прилично едноставен, бидејќи сѐ што е потребно е корисникот да има пристап до компјутер поврзан на интернет.

Благодарение на заедничкото имплементирање на GPS (Global Positioning System), мобилната комуникациска мрежа, дигиталните мапи и интернет конекцијата, напредната технологија нуди идеално решение за компаниите кои сакаат да имаат целосен увид над нивниот возен парк. Покрај безбедноста и ефективноста, со Fleet management значително се намалуваат и трошоците во работењето. Преку податоците кои ги овозможува апликацијата, корисникот, односно претприемачот, има целосен увид во начинот на кој вработените го користат возниот парк и ќе биде во можност да го спречи несовесното искористување на компаниските ресурси. На пример, апликацијата за Fleet management поддржува креирање виртуелна гео-граница на областа во која возилото треба да се движи и може да испрати известување доколку истото возило ја напушти оваа граница.

Сите овие и многу повеќе можности сега се лесно достапни преку Fleet management услугата од Македонски Телеком. Без разлика дали се работи за компанија со мал возен парк или пак, голема шпедитерска компанија, месечниот пакет на Македонски Телеком ги покрива Fleet Management услугите во целосен обем.

Во нашата земја голем број компании веќе ги користат Fleet management решенијата како составен дел од бизнисот. Од организирање и менаџирање на возниот парк, преку детално планирање на рутите на патување и заштита на пратките, намалување на потрошувачката на гориво,  трошоците за одржување, намалување на неовластените возења…Fleet management ги оптимизира бизнисите, обезбедува поголема безбедност и контрола врз возниот парк, а со тоа поквалитетна и попрофитабилна работа на компанијата. Иако Fleet management решенијата се добро познати и распространети низ целиот свет, вистинската револуција во ова поле на технологијата допрва започнува!

Претходна статијаLenovo ќе почне да го продава својот лаптоп со екран на превиткување до идното лето
Следна статијаQantas го направи првиот во светот лет кој траеше повеќе од 19 часа