Xerox logo

  • Со раздвојувањето ќе се основаат две посебни компании: компанијата „Document Technology“ вредна 11 милијарди американски долари и компанијата „Business Process Outsourcing“ вредна 7 милијарди американски долари
  • Процесот на раздвојување на компаниите се очекува да заврши до крајот на 2016 година
  • Најавена е и програма на стратегиска трансформација којашто во следните три години ќе заштеди 2,4 милијарди американски долари

Норвок, Конектикат, 24. февруари 2016. – Компанијата Xerox (NYSE: XRX) ги објави резултатите од анализата на портфолиото на компанијата, како и можностите за распределба на капиталот, најавени во октомври 2015 година. Управниот одбор едногласно го одби планот за одвојување на компанијата Xerox во две посебни јавни акционерски друштва, од коишто секое ќе биде водечко на соодветните пазари.

Xerox презема понатамошни позитивни чекори за да ги зголеми вредностите на делот на акционерите, со раздвојување во две јавни акционерски друштва“ – изјави Урсула Барнс, претседателка и главен извршен директор на компанијата Xerox. „Овие две компании ќе бидат одлично позиционирани на своите брзорастечки пазари со што ќе се зголемуваат пазарните делови профити.“

Сигурна сум дека опсежните анализи на портфолиото на компанијата што ги спроведовме во последните неколку месеци ќе не доведат на вистинскиот пат за иднината. Планот за раздвојување ќе го извршиме во најкраток можен рок во склад со остварувањето на целите за 2016 година“, додаде Барнс.

Детали за новите компании

Компанијата Document Technology и понатаму ќе биде водечка светска компанија во подрачјето на управување со документи и аутсорсинг, којашто во 2015 година оствари приход од 11 милијарди американски долари. Ова ќе биде водечка компанија на пазарот благодарение на супериорната технологија, решенијата и иновациите наменети за оптимизација на документите во сѐ повеќе вмрежениот дигитален свет. Високата профитабилност и непречениот проток на пари ќе овозможи значително враќање на капиталот како и селективни инвестиции во атрактивните подрачја на раст.

Компанијата Business Process Outsourcing (BPO) ќе биде водечка компанија на пазарот за подобрување на процесот на работа, благодарение на решенијата за управување со процесот со многу трансакции и применувајќи иновации во автоматизацијата и поедноставувањето на деловните процеси. Со приближно 7 милијарди американски долари приход во 2015 година, од што повеќе од 90% отпаѓа на приходи во ануитет, оваа компанија е фокусирана на атрактивните растечки пазари коишто вклучуваат и транспорт, здравство, како и трговски и државни служби. BPO како независна компанија ќе се фокусира на флексибилноста потребна за приспособување кон потребите на клиентите, дополнително ќе го прочисти своето портфолио на услуги и ќе продолжи со значително ширење и раст на профитот.

Водството и имињата на овие две компании ќе бидат дефинирани во текот на процесот на раздвојување.

Причини за раздвојување

Денешните пазарни трендови бараат поголема агилност и флексибилност, способности за иновирање и приспособување на технологиите, за да се одговори на честите промени на потребите од клиентите, како и поделотворно работење и распределба на средствата. Како резултат на тоа, стана јасно дека компаниите Document Technology и BPO им служат на различни потреби на клиентите, имаат различни двигатели на растот и бараат приспособени деловни модели и структура на капиталот. Со раздвојување на компанијата на две посебни компании, ќе се подобри положбата меѓу конкуренцијата и ќе се создадат нови значителни можности во создавањето вредности коишто вклучуваат:

  • Напредна стратегиска и оперативна фокусираност. Секоја компанија ќе биде задолжена за своето подрачје и ќе може да одговори на потребите на различните пазари. Компанијата Document Technology селективно ќе вложува во подрачјата на раст со истовремено обезбедување на продолжувањето на оперативната дисциплина и трансформацијата на продуктивноста. Компанијата BPO ќе се фокусира на зачувување на водечката позиција на атрактивните пазари за испорака на диференцијални решенија на клиентите, со помош на што ќе се оствари поголем раст на приходите.
  • Поедноставување на организациската структура и ресурсите. Секоја компанија ќе може побрзо да се приспособи на честите промени на потребите на клиентите, да одговори на специфичната динамика на пазарот, ќе се фокусира на иновации и вложувања во одбрани подрачја на раст и ќе го забрза процесот на донесување одлуки.
  • Раздвоени и јасни финансиски профили. Раздвојувањето ќе овозможи секоја компанија да ги искористи различните профили на раст и карактеристиките на финансискиот тек за да ги оптимизира структурата и стратегијата за распределба на капиталот.
  • Нови инвестициски можности. Двете компании ќе може да инвестираат во различни интересни проекти.

Стратегиска трансформација

Компанијата Xerox најави и тригодишна стратегиска трансформација на своите програми настојувајќи да заштеди 2,4 милијарди американски долари. Програмата ќе вклучува и веќе активирани активности како што е проектот на реконструкција вреден 600 милиони долари. Xerox со ова сака во 2016 година да заштеди 700 милиони долари.

Следни чекори

Целта на компанијата Xerox е да заврши со одвојувањето до крајот на годината. Додека не се заврши раздвојувањето, компанијата Xerox ќе продолжи да работи како една компанија којашто нема да го менува своето работење со клиентите и вработените.

За компанијата Xerox

Xerox учествува во менувањето на начинот на којшто работи светот. Со примената на нашата стручност во подрачјето на дигитализацијата на документите, деловните процеси, аналитиката, автоматизацијата и сознанието за фокусираност на корисниците, го усовршуваме текот на работата за да овозможиме поголема продуктивност, делотворност и ниво на посебност. Работиме во 180 држави и имаме повеќе од 130.000 вработени, кои создаваат значајни иновации и нудат услуги на деловни процеси, опрема за печатење, софтвер и решенија коишто прават разлика за нашите клиенти – и нивните муштерии. Дознајте повеќе на www.xerox.com.

Претходна статијаFacebook Reactions од денеска официјално достапни за сите корисници
Следна статијаObi Worldphone претстави модерно дизајниран Android смартфон кој чини само 139 долари