Многу добро познат за нешто постарите, Winamp е медиа плеер кој почна со работа во 1997 година. Направен од двајца студенти, тогаш ја доби својата популарност како MP3 плеер, време кога беше актуелно споделувањето на познатите MP3-ки, а сервисите како iTunes или сервисите за креирање на online радио станици, сеуште не беа почнати или не беа познати и користени.
Во 1999 година Nulsoft компанијата позади Winamp го продава плеерот на AOL кои го задржуваат развивањето на програмата, а издаваат и верзии за OS X и Android. Сепак постепено Winamp почна да губи на популарност, па покрај задржувањето на голем број на корисници и до денес, не успеа да конкурира и да привлече доволен број на нови корисници, кои денес ги користат новите решенија.
Од 20-ти Декември ќе бидат затворени сајтот Winamp.com, поврзаните веб сервиси, како и можноста за симнување на Winamp плеерот. Доколку сте корисник или би сакале да го имате Winamp на вашиот компјутер, можете да ја симнете најновата верзија најкасно до датата на затворање од следниот линк.
Winamp.com и поврзаните веб сервиси нема веќе да бидат достапни после 20-ти Декември 2013. Додатно, Winamp медиа плеерите нема да бидат достапни за симнување. Ве молиме да ја симнете најновата верзија пред наведената дата. Видете ги информациите за верзијата со најновите подобрувања до последната достапна верзија.
Ви благодариме што ја поддржувавте Winamp заедницата повеќе од 15 години.