Samsung денеска најави дека имаат направено промена кај своите директорски позиции, а со тоа и промена во структурата на компанијата. Мобилниот бизнис, кој досега беше посебен од останатите, се спојува со бизнисот на потрошувачка електроника, како што се телевизорите, фрижидерите, машините за перење и слично.

Ова спојување може да се каже дека е и логично, мобилните се сепак дел од таа потрошувачка електроника, а Samsung изминатите години во голем дел заработува од еден друг бизнис, а тоа е производството на чипови.

Со ова, Samsung го става својот бизнис на два столба, производство на чипови и производство на потрошувачка електроника, каде сега спаѓаат и мобилните.

Овие промени доаѓаат заедно со промена во извршните директорски позиции. Компанијата ќе има две директорски позиции, односно двајца CEO, а тоа е и намалување за една позиција од досегашната.

Главниот на бизнисот со телевизори, Јонг-Хи Хан станува еден од двата главни изврши директори во компанијата, а исто така станува и потпретседател во одборот на директори. Тој како еден од двајцата директори на компанијата, ќе биде задолжен за водење на делот за потрошувачка електроника.

Претседателот на одборот на директори, Кјехјун Кјунг, ќе биде назначен како втор CEO задолжен за водење на бизнисот со чипови. Тој е експерт во оваа област и има и поранешно искуство во компанијата со водење на сличен сектор.

Со оваа промена може да се каже дека Samsung покажува колку големо значење става на производството на чипови кои се користат во повеќе области, не само кај мобилните телефони. Во иднина може да се очекува уште посилен настап на компанијата на овој пазар.

Од компанијата започнаа со изградба на фабрика за чипови во Тексас, САД, уште еден показател за важноста и големината на овој бизнис.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕндава ја доби Гранд При наградата на Employer Brand Awards Adria
Следна статијаОтворен Едукативен тренинг центар на Црвен крст на Македонија за обука на возрасни во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.