Црвениот крст на Република Северна Македонија денес го отвори новиот Едукативен тренинг центар за обука на возрасни во Скопје.  

На отворањето на центарот се обратија генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска.

Од страна на министерката беше истакнато значењето на отворање на ваков вид на едукативни центри за обука, преку кои се обезбедува висок квалитет на  учење и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението.

Генералниот секретар за заблагодари на Австриското Минисетрство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст за обезбедената поддршка во опремување и функционирање на центарот. Особено беше нагласена благодарноста кон Министерството за образование и наука, центарот за образование на возрасните, како и партнерите кои обезбедуваат силна поддршка за развој на посебни верификувани програми на Црвениот крст за  обука на возрасните за стекнување на знаења, вештини и компетенции и создавање на квалитетна и конкурентна работна сила на пазарот на трудот со што се придонесува во зголемување на вработливоста, а со тоа и придонес во економскиот, општествениот и личниот развој.

Во досегашниот период започнувајќи од 2017 година, преку Црвениот крст обучени се вкупно 750 невработени лица кои се стекнале со сертификат за соодветна квалификација. Со зголемен број на едуцирани кадри се зголемуваат можностите да се опфати поголем број на граѓани кои ќе добиваат соодветна нега и помош во своите домови и во заедницата. Од друга страна пак ќе се влијае на  неколку општествени придобивки – можност лицата кои се невработени да се стекнат со квалификација  и да бидат по конкурентни на пазарот на труд, придобивки за вработување на ранливото население, и особено, со испорака на квалитетни социјални услуги ќе се влијае на подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните во заедниците.

Претходна статијаSamsung направи промени кај директорските позиции и ги спои секторите за мобилни и потрошувачка електроника
Следна статијаСКЕЕОР 2021: Енергетски ефикасни градби – бенефит и за сопствениците и за животната средина