Иако денеска знаеме дека маските кои ги носевме за време на „корона“ кризата не беа нешто посебно потребни, ниту па ефективни кога е во прашање заштитата од толку многу проширен вирус. 

Сепак, во 2021 тие се’ уште беа популарни и еден од најмногу употребуваните начини населението да се обиде да се заштити од заразување со „Ковид-19“ болеста. 

Познатата компанија во гејминг пазарот, Razer, претстави своја маска која ја промовираше како N95 маска, односно маска која може да филтрира најмалку 95% од воздушните честички со големина од 0,1 до 0,3 микрометри, а за поголемите честички овој процент треба да е и повисок. 

Сепак, испадна дека од компанијата не ја испратиле оваа маска на тестирање и одобрување во NIOSH – National Institute for Occupational Safety and Health, ниту пак во FDA – Food and Drugs Administration. 

Ова значи дека, без разлика дали маските биле или не биле потребни, Razer на пазарот во тоа време пуштил во продажба и промовирал производ кој не бил тестиран за точноста на тврдењата за заштита која овој производ треба да ја понуди. 

По излегувањето на информацијата дека маската нема официјално одобрение, односно не е тестирана од официјалните институции, се дознава дека независно тело ја има тестирано маската и заклучува дека истата овозможува заштита до 86%. 

Маската веќе одамна не се продава, а на мал дел од купувачите им е понудено и враќање на парите. 

Во договор со американската FTC, Razer сега ќе мора да плати околу 1,1 милиони долари, повеќето за враќање на парите на остатокот од купувачите, како и 100.000 долари како казна. 

Враќањето на парите ќе се прави преку FTC, а корисниците во САД не мора ништо да направат, од комисијата ќе им ги уплатат парите врз основа на листа на продадени маски од Razer.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2FTC
Претходна статијаBlue Origin успешно ja лансира New Glenn ракетата и отвори ново поглавје во трката за вселената
Следна статијаNintendo го најави пуштањето на нивната Switch 2 играчка конзола за оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.