Фото: Nintendo

Nintendo официјално го најави претставувањето и пуштањето во продажба на втората генерација од нивната популарна играчка конзола Nintendo Switch. 

Оваа конзола беше претставена во 2017, па од компанијата не се брзаа со пуштањето на наследникот на оваа мини конзола која овозможува играње во неколку режими. 

Во најавата од компанијата не открија повеќе детали за Nintendo Switch 2, а објавено е само кратко видео преку кое може да се види разликата кај дизајнот на конзолата. 

Може да се забележи дека во основа Switch 2 останува скоро иста како првата верзија, со мали промени, а како главна може да се смета големината на екранот која е нешто поголема. Тука е и бојата на контролерите која сега ќе биде црна, со мали „остатоци“ од боите карактеристични за првата верзија.

Секако, при официјалната најaва очекуваме да ги видиме новите компоненти кај Nintendo Switch 2, нешто што ќе треба да ја направи главната разлика. 

Од Nintendo најавија и дека новата конзола ќе има ексклузивни игри достапни само за истата, а ќе можат да се играат и постарите игри од претходната. 

ИЗВОРNintendo
Претходна статијаRazer ќе мора да плати за враќање на парите на повеќе од 6.000 купувачи на нивната „Ковид-19“ маска
Следна статијаСедмиот тест лет на Starship заврши успешно за Super Heavy ракетата, но не и за самото летало
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.