Bill-Gates_2012907b
Слика: Forbes.com

Минатата недела излегоа информации дека најверојатно наследникот на Steve Ballmer и новиот Главен извршен директор на Microsoft ќе биде Satya Nadella. Покрај оваа информација достапна беше и информацијата дека одборот на директори размислува да го смени Bill Gates како претседател на одборот на директори.

Според исто така непотврдени информации, добиени од извори на The Wall Street Journal потенцијалниот нов директор побарал од одборот Bill Gates да остане вклучен во работата на Microsoft. Улогата на Gates на би била административна и тој не би бил секојдневно вклучен во работата, туку во форма на консултант би работел заедно со Satya Nadella во развојот на нови производи и сервиси. Оваа позиција би подразбирала негово ангажирање во Microsoft еднаш неделно, според споменатите извори.

За Bill Gates се верува дека е во добри односи со Satya Nadella и дека тој бил поддржувач во неговото номинирање како кандидат за отворената директорска позиција. Поради тоа се очекува тие двајца добро и лесно да соработуваат, а со тоа да го развиваат бизнисот кој што е до некаде загрозен со намалувањето на популарноста на PC уредите на сметка на таблет компјутерите, како и слабата популарност на најновата верзија на Windows, 8.

Gates е до сега единствениот претседател на одборот на директори, позиција која што ја задржа откако реши да се тргне од позицијата Главен извршен директор во 2000 година и да се посвети повеќе на неговата фондација. Тој моментално е најголемиот индивидуален сопственик на акции во Microsoft и поседува 4,3% од компанијата.

Одлуката на одборот за новиот извршен директор, како и за улогата на Bill Gates се очекува да биде донесена наскоро, односно можно е и нејзино објавување во наредните недела дена, според одредени информации.

Претходна статија„Протечена“ верзија од Windows 8.1 Update 1 достапна на интернет
Следна статијаVoxieBox, наскоро ќе играме холограмски видео игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.