Повеќе од 800 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода за пиење. Овие загрижувачки податоци ги поттикнаа научниците од МИТ да развијат нов евтин систем за филтрирање на вода. Овој систем користи дел од внатрешноста на дрвото кој се поставува во пластична цевка, и може да отстрани до 99% од бактеријата Ешерихија Коли која се наоѓа во водата. Системот е способен да продуцира до 4 литри вода за пиење на ден.

water-glass

Едноставноста на новиот метод се базира на големината на порите во епидермисот на дрвото. Секоја пора содржи ксилемско ткиво кое има за цел да ги спроведува водата и минералите долж дрвото. Со течењето на водата низ овие пори, ова ткиво ги блокира повеќето типови на бактерии.

Според експериментите направени од научниците на МИТ, заклучено е дека во зависност од типот на дрвото постои ограничување на големината на честички кои би можеле да се филтрираат. За жал, вирусите помали од 200 нанометри не би можеле да се запрат на овој начин.

water-purifying

Постоечките филтрациски системи најчесто вклучуваат употреба на хлор, што е прилично скап начин на филтрирање. Друго по економично решение е вриење на вода за кое се потребни горива, додека пак мембранските филтри бараат пумпа и можат лесно да се затнат. Поради тоа срцевината на дрвото доаѓа како евтина алтернатива. Дополнителна предност е тоа што поради употреба на природни материјали, овој ’’филтер’’ може да се постави или замени без никаков трошок.

Со едноставниот дизајн, евтината понуда и можноста за филтрирање на поголемиот дел опасни батерии, овој систем може да биде причина за руралните средини и земјите во развој во иднина да имаат чиста вода за пиење.

Претходна статијаMicrosoft ќе ја претстави Office за iPad на настан на крајот од Март
Следна статијаHealthbook, следење на фитнес информациите на Apple начин