Microsoft-Logo

Во ова време на загрозена приватност, посебно од владите, Microsoft се обидува да го подобри својот углед меѓу корисниците или барем меѓу деловните корисници. Како голема компанија, често е обвинувана за соработка со владини служби. За да покаже како оваа компанија се справува со барањата за пристап до одредени кориснички информации кои што доаѓаат од владините служби, Microsoft објави случај од минатата година во кој што има одлучено барањето да го однесе и предизвика на суд, наместо веднаш да го спроведе.

Се работи за добивање на барање од страна на FBI за пристап до информации за една од сметките на деловен корисник. Од Microsoft нагласуваат дека нивната политика е да во вакви ситуации го информираат конкретниот корисник за добиеното барање. Меѓутоа барањето од FBI во форма на Писмо од национална безбедност, има одредба кој што им забранува на компаниите да ги известат своите корисници за добиените барања.

Microsoft одлучува да ја однесе и предизвика на суд забраната поради која што не може да го известат својот корисник, со објаснување дека истата е противуставна и го загрозува правото на слободно изразување. По поднесување на жалбата до судот FBI решаваат да го повлечат барањето, односно забраната за информирање на корисникот.

Сепак ваквиот однос на компанијата не важи за барањата поднесени за приватни корисници, односно доколку Microsoft добие барање за информации од обичен корисник, тие нема да го известат истиот.

Дали во ова време на сервиси во облакот и приватност под знак прашалник ги користите сервисите на големите компании и дали се чувствувате сигурно правејќи го тоа ?

Извор: Engadget, Microsoft

Претходна статијаiPhone 6 спецификации и дизајн
Следна статијаMulti-user MIMO го решава проблемот со неискористување на капацитетот кај large-scale Wifi мрежите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.