mu-mimo

IEEE 802.11ac стандардот кој уште се нарекува и Gigabit Wifi веќе е имплементиран, но некои негови функционалности беа изоставени. Петтата генерација на Wifi стандардот се фокусираше на проширување на предностите кои ги донесе 802.11n со цел да обезбеди нова генерација на битски брзини и робустност.

Првата генерација на 802.11ac уреди донесе 80МHz-ни канали и 256-QAM на 5GHz-ен интерфејс, кои овозможија реални брзини на пренос од 600/900Mbps за решение со 3 антени/3 стримови. Проблемот кој се јавува кај 802.11ac мрежите е дека тие губат многу на капацитет кога опслужуваат уреди како смартфони и таблети. Ова би требало да се поправи во текот на следната година со нова мрежна опрема и ажурирања на крајните кориснички уреди.

Втората генерација на 802.11ac ќе овозможи конфигурации со 4 стримови, 160МHz-ни канали и Multi-User MIMO. Првата карактеристика ја зголемува максималната PHY брзина кај 80MHz-ни канали до 1.73Gbps (до 1.33Gbps за решение со 3 стримови/80МHz). Втората карактеристика може да ги зголеми перформансите, а третата е онаа која е решение на погоре споменатиот проблем и е тема на дискусијата.

Што претставува Multi-User MIMO?

MU-MIMO е подобрување на MIMO технологијата кое нуди искористување на максималниот системски капацитет преку распределување на повеќе корисници, така да бидат способни истовремено да пристапат кон истиот канал. Просторното делење на канали може да се постигне со додатен хардвер, како филтри и антени, но без да се троши дополнителна ширина на опесег.

При просторно мултиплексирање, интерференцијата меѓу различните корисници на истиот канал е прилагодена со употреба на дополнителни антени, како и дополнително процесирање при овозможувањето на просторно делење на различните корисници.

Всушност разликата меѓу SU-MIMO (Single User MIMO) и MU-MIMO e многу едноставна. Кај SU-MIMO, секој уред добива ексклузивен пристап кон опсегот на пристапната точка (АP) за даден временски интервал. Ова функционира одлично за MIMO уреди со повеќе стримови, бидејќи секој уред може лесно да го искористи целиот опсег на пристапната точка. Во реалноста, најверојатно е дека ќе имате повеќе уреди прикачени кон мрежа која подржува 1 или 2 стрима (таблети или смартфони). Во случај на SU-MIМО мрежа со 3 или 4 стримови, 802.11ac пристапна точка и повеќе клиенти со 1 или 2 стрима, ќе постои големо неискористување на капацитетот на опсегот на АP за било кој временски интервал. Секој уред се опслужува последователно и уред со еден стрим може да користи само мал дел од вкупниот опсег на AP. Ова навистина претставува проблем при преоптоварување на пристапните точки, на пример во кафетерија или пак на аеродром.

МU-MIMО ќе им дозволи на безжичните пристапни точки да испраќаат податочни стримови со брзина до 433Мbps кон најмалку тројца корисници истовремено. Опремата од првата генерација на 802.11ac без МU-MIMO може да ги испрати тие стримови истовремено, но само кон еден уред и само ако уредот е способен да прими повеќе стримови.

mu-mimo-2

МU-MIMO е овозможен со Мulti-user Beamforming. SU beamforming и МU beamforming го искористуваат антенското поле за да ја насочат енергијата кон клиентскиот уред, оперираат во истата околина која се состои од пристапна точка опколена со клиенти и го подобруваат односот сигнал-шум.

Насочувањето на зрачење во моделот со повеќе корисници воведува временска димензија во процесот на трансмисија. Во даден момент MU предавателот ќе испраќа рамки кон повеќе од еден приемник. За правилно да се обликуваат овие трансмисии, насочувачот на зрачење ќе мора да има тековни информации за целиот канал, а тоа побарува свежи податоци за секој сноп. За разлика од моделот со еден корисник, кај повеќе-корисничкиот модел неопходно е ажурирање на процесот на мерење на каналот секогаш кога се менува просторната распределба на приемниците.

Минатиот месец Qualcomm ги најави првите Qualcomm® VIVE™4-stream 802.11ac решенија со повеќе-кориснички MIMO за да ги подобри Wifi перформансите за растечкиот број на конектирани уреди во домовите, канцелариите и јавните точки за безжичен пристап. Тие понудија 4 чипови на страна на инфраструктурата (пристапните точки) и 4 на клиентската страна. Ниедено од МU-MIMO решенијата не подржува 160Mhz-ни канали, но со додавањето на четвртиот стрим кај некои решенија може да се добијат максимални брзини на линк од 1.73Gbps.

mu-mimo-3

Неодамна Quantenna, лидер во развојот на 802.11ac и 802.11n полупроводнички решенија, објави дека ќе го претстави првиот 4×4 MU-MIMO 802.11ac систем во светот на годинешниот “The Cable Show”. Вклучувајќи го добитникот на награда QSR1000, најбрзиот и првиот Wave 2 802.11ac Wifi chipset, Quantenna ќе покаже како MU-MIМО го подобрува искуството на корисникот, истовремено оптимизирајќи ја ефикасноста на мрежата за да се заштитат скапоцените спектрални ресурси.

 

 

Претходна статијаMicrosoft се има спротивставено на FBI по барање за кориснички информации
Следна статијаLG G3 прикажан на три официјални видеа