Европската Унија можеби ги натера Apple да овозможат неколку работи кои тие никогаш не би ги овозможиле самите, но тоа не значи дека проблемите на програмерите се решени.
Apple ќе им овозможат на програмерите да користат други системи за наплата, односно да не мора да го користат тој на Apple, но и во таквите ситуации од компанијата ќе продолжат со наплата на процент од трансакциите.
Овој процент ќе варира зависно од големината на компанијата и слични други фактори, но тој повторно може да достигне висина скоро иста со таа која Apple ја наплаќа за трансакциите преку App Store, која изнесува 30%.
Epic Games, кои веќе со години се тужат со Apple за висината на процентите и кои оваа година планираат да претстават апликација, продавница за игри, на iOS и Android, сега добија поддршка од неколку големи компании.
Meta, Microsoft, X, Spotify и Match Group поднесоа петиција преку која даваат поддршка на Epic Games и нивната „борба„ со Apple.
Овие компании се директно засегнати од политиките на Apple, па јасно е зошто се решија за поддршка на Epic Games.
Microsoft планираат да претстават сопствена продавница за игри, по дозволата тоа да може да се направи од страна на Apple, па и тие се засегнати од процентот кој ќе мора да го плаќаат на Apple, без разлика кој платежен систем ќе го користат.
Компаниите обвинуваат дека Apple се обидува да ги демотивира програмерите да воопшто користат алтернативен систем за наплата поради фактот што нема да направи скоро никаква разлика за трошоците.
Европската Комисија можно е да реагира на обвинувањата, па во периодот што следи се очекува да се види реакцијата на жалбите од програмерите кои ги добиваат.