Фото: gnome.org

По бета тестирањето, од денеска официјално станува достапна четириесет и шестата верзија од GNOME десктоп околината која е можеби и најпознатата во Linux „светот“.

GNOME 46 ќе биде дел од најновата верзија од Ubuntu, поточно Ubuntu 24.04, па ова е еден одличен начин како да се пробаат новините кои ги донесува оваа верзија.

Иако се работи за целосно нова верзија, сепак истата не донесува некои драстични новини. Во главно се работи за подобрувања кај постојните функции, а тие дефинитивно го подобруваат корисничкото искуство на веќе одличната десктоп околина.

Новините кои ги донесува GNOME 46 ги вклучува следните:

  • Подобрувања кај Files апликацијата како пребарување на цел диск преку Search копчето, додавање на ново копче за пребарување на моментално отворената папка, промена на локацијата на лентата која го прикажува статусот при префрлување на датотеки, подобро префрлување на типот на преглед.
  • Редизајниран дел за известувања кој сега вклучува и дел за наслов од кој се гледа апликацијата од која доаѓа известувањето, можност за намалување или проширување на известувањата, најава за групирање на известувањата.
  • Подобрувања кај Settings со нов System, подобрување за изборот на главни апликации, дополнителни можности во делот за глувчето и „тачпадот“ и нови accessibility опции.
  • Подобрувања кај GNOME Online Accounts
  • Ажурирани повеќе вградени апликации како Calendar, Maps, Music и слични

GNOME 46 донесува уште новини, но овие се истакнуваат како главни. Корисниците кои ја користат некоја од Linux дистрибуциите кои доаѓаат со GNOME, во периодот што следи можат да очекуваат истата да биде надградена.

ИЗВОРOMGUbuntu
Претходна статијаМакедонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV
Следна статијаMeta, Microsoft, X и Spotify дадоа поддршка на Epic Games во „борбата“ против Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.