Shutterstock.com

Едвард Сноуден објави дека не можел да замисли дека судовите ќе ги осудат активностите на NSA, но ете тој ден дошол. Во исто време заслугата за откривањето на тие активности е дадена на него.

Федерален апелационен суд вчера одлучи дека масовното собирање на телефонски податоци од американските граѓани од страна на NSA било противзаконско, нешто што борците за приватност го сметаат за голема победа.

Програмата во NSA е наводно затворена уште од откривањето на случајот од страна на Сноуден, но со оглед на новите градби и сервери кои ги изгради агенцијата, не е сигурно што точно се случува, а што не.

Инаку, познатиот Едвард Сноуден ги даде информациите за масовното собирање на податоци од страна на NSA, многу поголемо од тоа што е дозволено со законот, на двајца новинари кои ги објавија едни од најпознатите статии.

Сноуден моментално е во Русија каде има добиено азил поради тоа што доколку се врати во САД ќе биде суден за предавство.

Можноста за негово враќање без да треба да одлежи затворска казна со оваа судска одлука се зголемува, а такво нешто како можно најави и претседателот Трамп минатиот месец.

Идејата зад законите за следење е да агенциите кои се занимаваат со такви активности, можат да следат комуникации само кога од тоа ќе добијат судска дозвола. NSA, а веруваме дека и повеќето агенции, тоа го прават често без дозвола, а обично како оправдување за истото се користи потребата за справување со терористичките групи и зачувување на националната безбедност.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаNvidia ја претстави RTX 30 серијата составена од три графички картички
Следна статијаФИТР: Продолжува напредокот на Македонија на листата на Глобалниот иновациски индекс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.