Shutterstock.com

Во ексклузивно интервју за New York Post во „Овалната канцеларија“, претседателот Трамп истакнал дека има разговарано со неговите помошници и советници за можноста да се дозволи враќање на Едвард Сноуден во земјата без да мора да одлежи затворска казна.

Како што сигурно ви е познато, Едвард Сноуден без разлика на голема поддршка што ја доби, сепак излезе со тајни информации од NSA, од кои се дозна до кој степен оваа безбедносна агенција ги следи дигиталните канали на комуникација, а проблемот во САД настана поради тоа што истото се правело и за американските граѓани.

Сноуден моментално живее во Русија од каде се бара негова екстрадиција од страна на Министерството за правда на САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервјуто за New York Post истакнува дека ги прашал неговите соработници што мислат за Сноуден. Според одговорот, тој добил различни мислења, односно имало и такви кои сметаат дека тој не е третиран баш како што треба, но и такви кои остануваат на ставот дека е направено големо кривично дело.

Трамп кога излегоа информациите од Сноуден првично имаше доста негативен став спрема него, нарекувајќи го предавник кој треба да биде егзекутиран, но исто така истакна дека доколку се покажат одредени информации за претседателот Обама, може да стане и негов фан.

„Претпоставувам дека Министерството за правда бара екстрадиција за него сега?… Тоа сигурно е нешто кое може да го разгледам. Многу луѓе се на негова страна, тоа можам да го кажам. Јас не го познавам, никогаш го немам запознаено. Многу луѓе се на негова страна“. – истакна Трамп во интервјуто за New York Post.

ИЗВОРNew York Post
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаПрви информации и слики од Galaxy S20 FE 5G – „лајт“ верзија од серијата со пониска цена
Следна статијаWeekend Media Festival го прескокнува 13-тото издание и се враќа во септември идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.