mark-shuttleworth-1

За корисниците на некоја од Linux дистрибуциите, Mark Shuttleworth е еден од најпознатите личности. Тој е основачот на Canonical, компанија која што беше основана при почетокот на развојот на Ubuntu. Се разбира Ubuntu е оперативен систем со отворен код и на неговиот развој придонесуваат огромен број на програмери од целиот свет, меѓутоа Canonical ги организира сите овие работи, а се одговорни и за лиценцирање на хардвер, одредување на стратегијата на Ubuntu и слично.

Во интервју за ZDNet за време на OpenStack Summit настанот, Mark Shuttleworth истакнува дека веќе неколку месеци размислува за понуда на компанијата на берзата. Моментално компанијата е во негова сопственост што значи дека би била направена Иницијална Јавна Понуда (IPO) на компанијата.

На ваков чекор компаниите обично се одлучуваат како начин на прибирање на дополнителни средства за работењето. Акциите кои што би се продавале би донеле нови сопственици, но и свеж капитал во компанијата што ќе овозможи натамошен развој.

Она што потенцијално може да биде проблем во привлекувањето на интерес кај инвеститорите е фактот што повеќето производи на Canonical се’ уште не се профитабилни. Покрај големата популарност на Ubuntu оперативниот систем, бројот на корисниците на светско ниво никако да се зголеми на некоја значителна бројка.

Потенцијален производ кој што се’ уште треба да се види како ќе се покаже е Ubuntu за мобилните. Моментално се претставени два модели кои што работат на овој оперативен систем, од кои што вториот конечно со појаки перформанси.

Производот од компанијата кој што остварува профит е OpenStack Cloud. Ова и воопшто не е чудно кога ќе се земе во предвид популарноста на Linux кај корисниците на сервери, односно креирањето на сопствени серверски решенија.

Како и да е, одлуката за отворањето на компанијата за инвеститори ќе ја донесе тимот кој што ја раководи, односно нема да биде целосно донесена од страна на Mark Shuttleworth, како што истакнува тој самиот.

Се поставува прашањето дали дополнителни средства во компанијата можат да придонесат во популаризирање на производите од компанијата, а посебно Ubuntu оперативниот систем. Пазарот на кој што конкурираат е доста компетитивен, а големите компании се спремни на скоро се за да го задржат својот пазарен удел.

Извор: ZDNet

Претходна статијаiPhone 6S ќе има екран со “Force Touch”
Следна статијаSamsung патентираше лаптоп – смартфон со Android и Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.