force-touch

Најновиот изум на Apple, со кој дигнаа многу прашина кога ги лансираа новите генерации на MacBook лаптопите, Force Touch, ќе се вградува и во новиот iPhone и ќе донесе неколку подобрувања во користењето на телефонот.

Да потсетиме, Force touch прави корисникот да чувствува дека стиска на хардверско копче, а всушност се работи за целосно мазна површина, која воопшто не се движи. Можноста е веќе достапна во сите тачпади на новите MacBook лаптопи, како и кај новиот Apple Watch. Кај iPhone, Force touch ќе овозможи активирање на различни команди, зависно од јачината на стисокот на прстот на екранот, а корисникот ќе има буквално чувство како да стиснал на копче.

Имено, со посилно притискање на екранот, ќе може да се премотуваат песни и видеа, или пак да се ставаат „пинови“ на мапите, односно да се креира нов настан во календарот. Отворена ќе биде и можноста дивелоперите да ја вградат оваа можност во своите апликации, па можеме да очекуваме проширување на можностите.

Сепак, сите овие опции ќе бидат наменети само за “power” корисниците и телефонот ќе може целосно да функционира како и сите iPhone-и досега, односно со лесно допирање на дисплејот за повеќето команди и долго притискање за командите кои би ги заменил Force touch, што е добра вест за сите оние кои имаат постар модел.

img_1096

Сите овие подобрувања ќе бидат достапни во iOS 9, односно најновата верзија на оперативниот систем за паметени телефони и таблети на Apple. Покрај тоа, во iOS 9 се најавени и нова тастатура, која ќе има повеќе опции во хоризонталната поставеност на телефонот, како и подобрувања во чет клиентот за iPhone, iMessage и клиентот за платежни можности, Apple Pay.

Извор: 9to5mac

Претходна статијаJony Ive унапреден во ново креираната позиција Главен Директор за Дизајн
Следна статијаMark Shuttleworth размислува за јавна понуда на Canonical на берзата